31/10/2013 10:36
•
Posted by: MK News
Повеќе од 200 деца се затруле со храна во неколку основни училишта во Белград и сите се наоѓаат во стабилна состојба. Поголемиот дел од децата се пуштени на домашно лекување, додека околу десетина од нив се задржани во болница, јавуваат тамошните медиуми. Според неофицијалните информации, причината за масовното труење на децата најверојатно е ручекот кој […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2013 12:54
•
Posted by: MK News
Ордените за храброст кои Јованка Броз ги добила како мајор на ЈНА и носител на партизанска споменица од 1941 украдени се од „Куќата на цвеќето“, по погребот на вдовицата на Тито, пренесува српски „Блиц“. Во саботата со почесна стража од гардата на српската војска Јованка беше погребана во „Куќата на цвеќето“, а покрај ковчегот беа […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2013 12:48
•
Posted by: MK News
Како што пренесуваат српските медиуми од шуга се заразиле 19 студенти од Универзитетот во Нови Сад. Според предвидувањата на Заводот за здравствена заштита тој број во наредниот период ќе се зголеми, а се очекуваат дури 50 заболени, пишува весникот „24 часа“. Минатата година имаше вкупно 55, но сега има повеќе заразени. Епидемиологот од Заводот, Лидија […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2013 12:46
•
Posted by: MK News
“Кога ја добив сметката не можев да верувам. Неколку пати ги броев нулите, запирките и точките. Стоеше точно 24.094.558,58 динари”, вели за српските медиуми Верица Ѓуровка од белградската приградска населба Добановци, пренесува Лидер.мк. Електростопанство на Србија не негира дека настанала грешка, најверојатно во читањето на струјомерот и ја известуваат жената дека има право на приговор […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2013 20:30
•
Posted by: MK News
Сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за еден од најголемите научници на сите времиња, Никола Тесла, тоа можат да го сторат преку посета на страницата teslacollection.com, каде се наоѓа најголемата онлајн архива во која се достапни материјали поврзани со големиот научник, пишува tportal. Архивот е сочинет од 23 тома клипинг материјали составени од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Престојувајќи на лекување во Америка, Жељко Милојевиќ од Љубиње во Србија, се заљубил во локалната шерифка, Латривиет Јанг. Нивното познанство било крунисано со веридба во Љубиње. Триесет и едногодишната Американка, шефица на полициската станица во предградие во Вашингтон, среќата ја пронашла на српска слава кај заеднички пријател, покрај 46-годишен угостител од Љубиње. Жељко Милојевиќ веднаш почувствувал […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Земјоделската инспекција во Србија деновиве повлече од промет 4.660 литри сок бидејќи е утврдено дека имаат помал процент овошје од тој што е назначен на декларацијата, јавуваат белградските медиуми. Спорните сокови се овошен нектар од праска и јаболко „верде“ од производителот „ИБ тим“ од Белград, „ворисо“ бистар и кашест овошен нектар од праска и јаболко, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2013 20:20
•
Posted by: MK News
Грчката полиција уапсила триесетгодишен Грк поради убиство на Албанец што го извршил на 18 септември, јави дописникот на МИА од Тирана. Убиството се случило по меѓусебна расправија поради купопродажба на автомобил. Жртвата, 31 годишен Албанец, му продал автомобил на Гркот за 2.200 евра. Албанецот добил 500 евра, а останатиот дел требало да му биде исплатен […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Јованка Броз беше дама во секој поглед. Префинета во однесувањето, блага во зборувањето. Пред се, јака жена, вистинска партизанка. Ги издржа сите притисоци, сплетки и интриги кои и се случуваа уште во времето кога Тито беше жив, а потоа и животот во комплетна изолација, на работ на сиромаштија. Но, живееше и си замина достоинствено. Вака […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 15:46
•
Posted by: MK News
Во пукањето во Марибор смртно настрадале три лица. Oтпуштениот работник М.Ч дошол во фирмата и убил две лица, а потоа си пресудил сам. Го убил сопственикот на фирмата и неговиот син, а секретарката успеала да побегне. Инцидентот се случил нешто пред 12 часот на Алјажева улица во Марибор. Трагедијата се случила во просториите на фирмата […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 12:45
•
Posted by: MK News
Одбојкарот Горан Вујевиќ по којзне кој пат покажа колку е голем човек. По натпреварот на неговата Перуџа и триумфот над Кунеом Горан добил телефонски повик. Само молчел и ништо не кажал. Подоцна соиграчите дознале дека токму тогаш му јавиле дека неговиот 5 годишен син починал во сон. Горан не сакал да им го пресече славењето […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 12:04
•
Posted by: MK News
Долорес Ламбаша (32) загина вчера утрото во 6.30 во сообраќајна несреќа на автопатот А3, кај Велика Копаница. На истата делница само 60 километри подалеку кон Загреб во 2007 год загина македонскиот пејач Тоше Проески. Беше октомври и беше 6.20 часот кога се случи страшната сообраќајка. И во двете сообраќајки жртвите спиеле на совозачкото седиште, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 11:37
•
Posted by: MK News
Во стан во Белград синоќа се пронајдени две мртви сестри. Се работи за жени на возраст од 46 и 54 години. Телата се пронајдени во гумен базен во станот, а според првичните информации, на нивните тела немало траги на насилство, пренесуваат српските медиуми. Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, што според српските медиуми […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 11:28
•
Posted by: MK News
Хрватската актерка која почина вчера после сериозна сообраќајна несреќа и нашата најголема ѕвезда се родени во 1981 година, и двајцата починаа во октомври. Тоше го изгуби животот во 06:20 часот, а Долорес доживеала несреќа 10 минути подоцна. Познатата хрватска актерка Долорес Ламбаша (32) починала вчера околу 14 часот во болницата Д-р Јосип Бенчевиќ во Славонски […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2013 13:42
•
Posted by: MK News
Хрватската актерка Долорес Ламбаша се бори за живот, откако беше тешко повредена во сообраќајна несреќа која утрово се случи на автопатот А3. Актерката итно е пренесена во болницата во Славонски Брод, каде што е оперирана, а докторите со сите напори се борат за да и го спасат животот, јавува Јутарњи лист. Несреќата се случила на 250 […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Клара Усон, 52 – годишна писателка од Барселона неодамна го напишала романот „Ќерка од Истокот“, чијшто главен јунак е Ана Младиќ, трагично починатата ќерка на генералот Ратко Младиќ, но како што и самата вели врз основа на биографски податоци, трачеви и претпоставки кои кружеле во врска со овој настан. Клара цели три години интензивно собирала […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Островот Дакса во Хрватска сеуште не го сака никој. Иако приватните плажи, шуми и манастирот се продаваат за два милиони евра, сеуште нема купци. Сето ова се случува поради тоа што во 1944 – та година на островот Дакса во Хрватска брутално се убиени 48 луѓе обвинети за соработка со нацистите. Легендата вели дека духовите на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Јелена Топиќ, девојката од градот Приједор во Република Српска, која цел месец стоеше во центарот на градот како жива статуа и која, според пишувањата на регионалните медиуми, „својата порака ја испраќаше со молчење“ денеска истакнала транспарент со кој бара маж за женење. Откако стана една од главните теми во регионот, Јелена денеска, како што пишува […]
______________________________________________________________________________________________________