Archive | Црна хроника RSS feed for this section

24 год момче се бори за живот – Страшна фотографија од сообраќајката кај Охис

Дваесет и четири годишниот Д.К. од Куманово се бори за животот на скопските Клиники, по тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи пред Драчево на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Стаклара. До несреќата дошло при судир на „БМВ“ со кумановски регистерски таблички кое го управувал младиот возач и автомобил „Пасат“ со […]

______________________________________________________________________________________________________

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Едно превртено и едно запалено возило кај Охис

Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера околу 22 часот и 30 минути на булеварот Борис Трајковски во правец кон Драчево во близина на фабриката „Охис“. Најмалку две возила од сударот се тешко оштетени и сигурно има повредени. на местото на несреќата имаше 2 амбулантни возила и противпожарно возило и екипа на МВР. Засега нема детали […]

______________________________________________________________________________________________________

Фатени крадците кои ограбуваат и кршеа автомобили во Центар

Полицијата ги фати малолетниците кои кршеа и ограбуваа автомобили на подрачјето на Центар Се работи на две лица од Скопје, 15-годишниот Р.М. штитеник на домот „25-ти Мај“ и една година постариот Р.Е.. Како што дознаваме против нив се поднесени кривични пријави за 22 кражби, а одреден им е и 30 дневен притвор. Малолетниците „оперирале“ во […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж прегазен во Црниче

Маж на возраст од 37 години бил прегазен синоќа во скопската населба Црниче.   Од полицијата информираат дека во турскиот државјанин С.Д. удрил автомобил со скопски регистерски таблички. Прегзениот маж бил пренесен во Клиничкиот центар, каде му се контатрани тешки повреди.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија: Татко ја ранил својата 16 – годишна ќерка

На 05.12.2014 година во 21,15 часот во ПС-Гостивар, од страна на МЦ-Гостивар  било пријавено дека за укажување медицинска помош се пријавило шеснаесетгодишно женско лице од Гостивар. По извршениот разговор со дежурниот лекар било утврдено дека истата се здобила со престрелна рана од огнено оружје во пределот на рамото по што  е префрлена во КЦ-Скопје.   […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте: Ограбени и искршени над 20 автомобили во Центар

Над 20 автомобили изминатиот месец, во период од две недели, се искршени и ограбени во Центар, во близина на Министерството за внатрешни работи. Како што дознава Курир, автомобилите биле ограбени во гаражните простории на зградите на улиците „50-Дивизија“ и  „Јордан Мијалков“. Непознатите крадци влегувале во гаражите, ги кршеле прозорците на автомобилите, по што влегувале во […]

______________________________________________________________________________________________________

18 годишен гостиварец незадоволен од фризурата го истепал берберот

Кривична пријава е поднесена против 18-годишниот М.А. од гостиварско Дебреше поради нанесување тешка повреда. На 8-ми август во берберницата во с.Дебреше пријавениот по настаната вербална расправија, физички го нападнал вработениот нанесувајќи му тешка телесна повреда-фрактура на носна коска.

______________________________________________________________________________________________________

Ова е велешанецот кој беше пронајден мртов

Раната на 23-годишниот Адил Сулејмани, кој вчера беше пронајден мртов, не била од огнено оружје, туку од нож. Телото е предадено на обдукција. Неговиот татко го нашол на нивниот плац во близина на Ветеринарната станица во Велес, на кој порано продавале дрва. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и откривање на мотивите за убиството. Дваесет […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на прегазената девојка во Центар

Дваесет и две годишната Ј.И. од Гостивар е девојката која денес беше прегазена во Центарот на Скопје. По ударот од такси возило, автомобил „Опел“ таа беше пренесена на Ургентниот центар каде и биле контатирани телесни повреди. Полицијата на местото на несреќата изврши увид, а врз возачот на автомобилот 56-годишниот К.С. од Скопје беше извршено алкотестирање […]

______________________________________________________________________________________________________

Момчето од Велес било убиено со нож

Раната на 23- годишниот Адил Сулејмани, кој денеска околу 12.30 часот беше пронајден мртов, не била од огнено оружје, туку од нож. Телото е предадено на обдукција.   Неговиот татко го нашол на нивниот плацот во близина на објектот на Ветеринарната станица во Велес, на кој порано продавале дрва. Според првичните сознанија, синот дома го […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Велес – застрелано 23 годишно момче

Во непосредна близина на Ветеринарната станица во Велес денеска е пронајдено 23 годишно момче застрелано со огнено оружје во пределот на градите.   Како што информира за МИА, Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, полициска екипа на СВР Велес е на местото на настанот и работи на расветлување на случајот. Според првичните сознанија до кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазено девојче во Центар – Такси возило ја удрило кај студентскиот Кузман

Таксист со автомобил “опел”, со скопски регистарски таблички, удрил девојче на булеварот Теодосиј Гологанов, пред студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу” во Скопје. Несреќата се случила кога опелот, од засега непознати причини, удрил во девојчето, кое од ударот се здобило со повреди, по што со возило на Брза помош било пренесено за укажување на лекарска помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Пациент се самоуби со скокање од прозорец на скопските клиники

52 годишен пациент од Куманово утринава во 9 часот се самоуби фрлајќи се од прозорецот на болничката соба на Клиниката за пулмологија, дознава НОВА. Според очевидци на настанот пациентот скокнал од прозорецот од клиниката која се наоѓа на првиот кат, по што веднаш починал. МВР го потврди случајот. „Пациентот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Виница пронајден човеки череп

Пред влезот на градскиот парк во Виница, на улицата „Браќа Миладинови“, пронајден е човечки череп, соопшти полицијата. Черепот го пронашол вработен во ЕВН Македонија од село Зрновци додека вршел ископ за поставување фундамент за столб за струја, по што го пријавил случајот. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Штипјанец добил срцев удар на суд – се судел за ориз

Шеесетгодишен штипјанец се бори за живот, откако вчера доживеал срцев удар на судско рочиште во основниот суд во Штип. Тој се судел со познаник за нива со ориз. Според штипската полиција, за брзо време пристигнала екипа на Брза помош која успеала со долга реанимација да го поврати во живот и безбедно да го пренесе во […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџерка од Пробиштип се бори за живот – испила 50 апчиња за смирување!

Полицијата го истражува случајот на 19-годишна пробиштипјанка, која се обидела да се самоубие. Девојката била наводно разочарана од животот, па испила 50 таблети за смирување. Таа е згрижена во скопската Клиника за токсикологија. Ја нашле родителите кои ја пренеле во болница.

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Тетовец со автомобил влета во бурекџилница

Возачот на автомобилот „голф“, Ј.Исени од тетовско Камењане, е полесно повреден откако вчера околу 19 часот изгубил контрола и со своето возило влетал во бурекчилницата во неговото село.

______________________________________________________________________________________________________

Момче избодено со нож вечерва кај „Сити Mол“

Скопјанец бил избоден со нож во сообраќајна караница вечерва во скопската населба Карпош 4. Тој со неколку исекотини по телото и по главата бил однесен од случајни минувачи во болница, каде бил хоспитализиран во одделението за интензивна нега, јавува Бриф.мк Според првичните неофицијални информации, нападнатиот 23-годишник бил во возило со својот 19-годишен брат. Движејќи се по […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1