Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Или ќе се смириме или ќе те убијам – кумановец и се заканувал на поранешната девојка

Дваесетиедногодишна кумановка Д.Ј, синоќа петнаесет минути по полноќ во полициска станица пријавила дека на 30 ноември околу 19 часот ја пресретнало нејзиното поранешно момче Ф.М. од Куманово, насилно ја внело во куќата на неговата баба и физички ја нападнало, заканувајќи и се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие, соопшти МВР. Од ударите, […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка кај Католичка, шишиња на сите страни

Попладнево се случи сообраќајна несреќа на кружниот тек кај Католичка црква. сообраќајката се случила помеѓу автомобил и моторцикл на кој имало прикачено приколка. На улицата има расфрлено пластични шишиња што биле натоварени на приколката. Засега нема информации дали има повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка кај Велес: ФОТО: 17 год ученик го управувал автомобилот, “слетал“ од 30 метри висина!

Возило со марка „фолксваген“ излетало од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес. Неофицијално се работи за 17-годишник  кој управувал со автомобил во кој биле четири лица и после губењето на контролата над возилото излетал од патот и буквално „слетал“ од 30 метри висина подолу на кружниот тек на влезот од […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Велес- 6 годишно дете се бори за живот

Попладнево околу 15,30 часот автомобил излета од патот  кај Спомен Костурницата и падна на новоизградениот кружен тек.  Автомобилот летнал во  височина од десетина метри колку  што е разликата помеѓу  патот каде возел и таму каде слетал. Автомобилот е безмалку искршен. Повредени се четири лица во автомобил комби  фолксваген шаран . Според дежурниот доктор   од […]

______________________________________________________________________________________________________

Со лажна италијанска лична карта сакал да излезе од Македонија

На граничниот премин на аеродромот „Александар  Велики“ – Скопје вчера во 16:20 часот, на излез од РМ, при пасошка контрола на Ф.К.(26) од Италија утврдено е дека во италијанската лична карта во делот каде што е фотографијата најверојатно е извршена замена на фотографијата. Тој е задржан  и предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца избодени со нож на улица „Џон Кенеди“

На улицата „Џон Кенеди“ во Скопје вчера, околу 15 часот, непознато лице со нож им нанел повреди на Б.С.(26) и Х.С.(18) двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје и ГОБ „Св. Наум Охридски” при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник кој беше пронајден мртов во затворот во Струга умрел од природна смрт

Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга Затвореникот бил на возраст од 36 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Како што ни изјавија од затворот во Струга, безживотното тело било пронајдено вчера утрото околу 9 часотго од друг затвореник со кој заедно ја делеле затворската ќелија. После […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 18-годишна скопјанка

Вчера во 20:30 часот во полициската станица во Чаир А.Џ. (45) од Скопје пријавил дека на 24.11.2014 година околу 15 часот неговата ќерка Ј.Џ. (18) излегла од дома и не се вратила. Се превземаат мерки за пронаоѓање на девoјката.

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник пронајден мртов во затворска ќелија во Струга

Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга.   Затвореникот бил на возраст од 35 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Телото на починатиот по наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција, а започната е истрага за да се откријат причините за смртта.

______________________________________________________________________________________________________

Обид за убиство со ножици пред Капитол Мол

Дваесет и девет годишен скопјанец кривично ќе одговара за убиство во обид откако со ножици нападнал две лица. Инцидентот се случил пред пет дена пред ТЦ Капитол Мол, по претходна расправија меѓу четворица скопјани, познати деливкенти за полицијата. МВР го расчисти и ова убиство во обид на кое му претходело нетрпрение меѓу Б.Ј.(40) и Е.А.(29). […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициски џип се преврте на патот Тетово-Гостивар, повредени четворица полицајци

Четворица полицајци се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, откако џипот со кој се возеле се превртел. Според првичните и непотврдени информации, возачот загубил конторла врз возилото бидејќи се обидувал да избегне човек кој го претрчувал на автопатот. Во сообраќајката со полесни повреди поминале четворица припадници на МВР кои по прегледите се пуштени на домашно лекување. […]

______________________________________________________________________________________________________

АРМ вели: Убиецот од Злетово ги поминал сите здравствени и психолошки тестови

Професионалниот војник Драган Манаилов кој е осомничен за тројното убиство во Злетово бил во редовен работен во Армијата на Република Македонија. Од Генералштабот на АРМ го осудуваат чинот на нивниот припадник и соработуваат со полицијата за да се расветли тројното убиство. При вработувањето на војникот биле запазени сите процедури во однос на психолошката подготвеност и […]

______________________________________________________________________________________________________

Воз усмрти Сириец на пругата кај Демир Капија

Уште една жртва на пругите во Македонија повторно е мигрант од Сирија. Несреќата се случила синоќа во 19.25 часот на пругата кај надвозникот пред Демир Капија, соопшти СВР-Велес. Според првичните информации, станува збор за маж на 25-годишна возраст. Мигрантите што транзитираат низ земјава на патот кон Европската унија ги користат пругите како ориентација и за […]

______________________________________________________________________________________________________

Тројно убиство во Злетово – пукал на 2 локации, ги убил родителите на жената и уште еден маж

Двајца мажи и една жена се убиени утринава во пробиштипско Злетово. Според неофицијалните информации, зет со огнено оружје ги застрелал родителите на сопругата и уште едно машко лице. Тројното убиство во пробиштипско Злетово се случило на две локации, неофицијално дознава Курир. Утринава зетот со огнено оружје ги застрелал родителите на неговата сопруга во нивната семејна […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгорено машко тело пронајдено во тетовско

На ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува селата Јегуновце и Пршовце, во близина на тамошната чешма, утринава пронајден е мртов 73-годишниот Б.Ц. од Јегуновце. Местото веднаш е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а нешто подoцна извршен е увид, со учество и на  јавен обвинител и лекар по судска медицина. Безживотното тело […]

______________________________________________________________________________________________________

Киднапирале ресенчанка па ја уценувале со видеоснимка

Првин ја киднапирале, па во несвесна состојба ја снимале, а потоа со снимките ја уценувале да им даде вкупно 4.000 евра. Откако им исплатила половина од таа сума, жртвата од Ресен ги пријавил уценувачите в полиција. За ова дело осомничени се Г.Т.(33) и Б.О.(45). Според МВР, 33-годишникот минатиот месец ја пресретнал оштетената во близина на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден женски труп во Волково

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот, 45-годишниот М.З. од Волково пријавил дека во близина на своето дворно место, во вода забележал непознато женско тело кое не давало знаци на живот.   Увид на лице место,извршила екипа од СВР Скопје, при што од личната карта што ја пронашле во женска чанта која се наоѓала […]

______________________________________________________________________________________________________

Обид за двојно убиство во скопски Аеродром – младо момче се бори за живот

Околу триесет минути по полноќ, вечерва во Скопје, на бул.„АСНОМ“ во близина на зграда бр.25, 3-4 засега непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б.(23) и С.Р.(22). Еден од непознатите лица им нанело неколку убоди со нож во пределот на телата. Д.Б. е во шок соба и се наоѓа во критична состојба. СВР-Скопје превзема мерки […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1