Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Сообраќајка во Тетово – прегазено 11 годишно девојче

Со автомобил прегазил 11 годишно девојче. Несреќата се случила вчера околу 17:30 минути на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово при што 11-годишното девојче од селото Мерово било повредено откако врз него налетало автомобил „Опел“ со тетовски регистерски таблички што го управувал Ј.А.(21) од Мала Речица. Возачот веднаш го префрлил повреденото девојче во Тетовската болница каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Французин сакал да поткупи македонски полицаец – доби кривична

Кривична пријава е поднесена против францускиот државјанин А.К.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено дело “давање поткуп”. Пријавениот вчера на влез во Р.Македонија на граничниот премин Меџитлија на полицискиот службеник кој работел на преглед на документи,  во патната исправа која му ја приложил ставил банкнота од 20 швајцарски франци со намера службеното лице да […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен педофил од Скопје, 11 години ќе лежи во затвор

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје вчера го лиши од слобода лицето Африм Р.(46). Тој се барал за издржување затворска казна во траење од единаесет години, за сторено кривично дело “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”. Истиот е спроведен во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Загинаа татко и син, воз удрил во нив во гевгелиско

Машко лице на возраст од 20-25 години и неговиот малолетен син починале вчера вечерта откако во нив удрил товарен воз кај месноста Јаворица, гевгелиско. Несреќата се случила на железничката пруга Скопје-Гевгелија околу 22:30 часот, кога таткото и синот од Авганистан се движеле заедно со поголема група авганистански државјани кои нелегално влегле во Македонија. Во незгодата […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна тинејџерка од Волково

Скопјанец вчера  во полициската станица во Ѓорче Петров пријавил дека исчезнала неговата сестра. Според податоците од полицијата, се работи за 21-годишниот К.Т. од Волково кој пријавил дека пред  два дена во 14 часот од  дома во непознат правец се оддалечила неговата сестра, 19-годишната Н.Т. и дека од тогаш ја нема видено.

______________________________________________________________________________________________________

3 повредени деца, двајца на инфузија – тепачка во автобус во Влае

Три лица, од кои две малолетни и еден полнолетен биле повредени кога вчера околу 14 часот во автобусот број 64 кај Порта Влае во Скопје биле нападнати од десетина други. Напаѓачите најпрво ги провоцирале малолетниците со погрдни зборови на национална основа, а потоа почнале да ги удираат со клоци и тупаници по главата и по […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостиварка се обидела да се убие зошто ја претепал бившиот сопруг

Гостиварец бил уапсен откако ја претепал поранешната сопруга, која подоцна се обидела да се убие, но била спречена од полицајците, соопшти МВР. Според полицијата, инцидентот се случил околу 15 часот, во куќата на Џ.Х.(34), во Гостивар. Тогаш дошол нејзиниот поранешниот сопруг Е.Ш.(26), кој насилно ја отворил влезната врата. Насилникот влегол внатре и почнал расправија со […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема тепачка во автобус на ЈСП: Ги извадиле ремените од фармерките и почнале да маваат

Уште една голема тепачка се случила во автобусот со број 64, кој се движел на релација Железничка станица-Никиштане, во кој биле нападнати и повредени три лица.   Станува збор за тројца жители на Волково, на возраст од 15 до 19 години, кои седеле на горниот кат на автобусот и кои одеднаш биле нападнати од десетина жители на […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Тешко повреден работник во Драчево – ампутирана му е ногата

Работник во приватна фирма попладнево беше тешко повреден. Несреќата се случила во скопско Драчево. Работникот е  во критична состојба пренесен на КАРИЛ на Клинички, дознава Сител. Како што пренесе Сител, 51-годишниот маж ги извршувал работните обврски, додега ископувал земја, со бушалица си ја фатил ногата. Потоа се одвивала вистинска спасувачка драма. Пристигнало едно возило на Итна […]

______________________________________________________________________________________________________

20 лица нападнале момчиња во Скопје – едниот ранет со нож во задникот

Во Скопје на ул.„11-ти Октомври“бб, во непосредна близина на Билна аптека, вчера се случила жестока тепачка. Од страна на околу 20 лица без повод и причина физички биле нападнати Д.К.(20) и Д.К., двајцата од Скопје. Еден од нив се здобил со повреда од остар предмет во пределот на задникот и е задржан на лекување во […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар: „Мамо не се враќам дома, на умирање сум“!

Синоќа во полициската станица Гостивар, Д.А. пријавила дека на пред два дена од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27). Пријавителката посочила дека на 01.11.2014 година околу 19:00 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање. По телефонскиот разговор бил недостапен. […]

______________________________________________________________________________________________________

Паника во Чаир: Исчезна 15-годишно девојче

Синоќа два часа по полноќ, во полициската станица во Чаир, А.Р.(1966) од Скопје, пријавил дека исчезнала неговата ќерка. Како што истакнал тој, завчера околу 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Е.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Бизнисмен од Прилеп измамил пијан човек да му ги преземе долговите на фирмата

Пијан прилепчанец со измама станал сопственик на фирма, но и голем должник на Управата за јавни приходи откако бизнисмен од Битола го измамил да го потпише договорот додека бил под дејство на алкохол. Сепак полицијата успеала да ја открие измамата и им поднесе кривични пријави на инволвираните. Прилепската полиција против В.С. (46) од Битола и […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ ДЕТАЛИ: Синот му го згазил воз, па го закопал со камења во Велес

Пет лица државјани на Авганистан утринава во 06:20 часот пријавиле дека во раните утрински часови, движејќи се пеш по железничката пруга Градско-Згрополци наишол товарен воз и едно лице било прегазено.   Лицето авганистански државјанин на возраст од 44 години со своите пет деца пешачеле крај пругата Градско-Згрополци, по што едно од децата, 20-годишно момче, било […]

______________________________________________________________________________________________________

4 деца за малку ќе изгореле во куќа во Велес – спасени во последен миг

Пожар избувна денеска претпладне во куќа на улица „Пеце Димов“ број 62 во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, при што целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината. Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во […]

______________________________________________________________________________________________________

Стружанка киднапирана и ограбена, па оставена на плажа

Стружанка вчера била киднапирана, ограбена, па пуштена на слобода. Во полициската станица во Струга, вчера е пријавено грабнувањето на С.К.(1972), откако таа излегла од „Тутунска банка“ на улицата Маршал Тито, околу 9 часот. Додека се движела кон пекарата „Алмико“, била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејство повредено во сообраќајка кај Куманово – еден загинат (Фото)

Едно лице е починато, а четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на патот Куманово-Скопје.Сите пет лица се членови на едно семејство од кумановското село Черкезе. Починатиот е 44-годишниот Беадин Р., а во несреќата повредени се неговите роднини Б.Р. (27), Ф.Р. (32), А.Р. (51) и А.Р. (21). Несреќата се случи кога автомобил […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски државјани фатени во Сараево со хероин

Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ (Пат на животот) во општина Ново Сараево.   – Припадниците на Одделението за борба против злоупотребата на опојни дроги при МВР на кантонот Сараево дрогата ја открија кај Шабан Х. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1