Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Хирург од Прилеп уапсен – примил поткуп

Прилепскиот хирург М.Н. (61) заради сомнежи дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање поткуп“ заврши во осумдневен притвор, кој му го изрече судија на прилепскиот основен суд Осомничениот, кој е вработен како доктор специјалист хирург, како што информираат од СВР Битола, со намера да се стекне со противправна имотна корист, […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 16 годишно девојче од Драчево

Во полициската станица во Драчево вчера Н.С.(58) пријавил дека на 28.09.2014 година во 20.00 часот, од дома во непознат правец се оддалечила Џ.С.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка нападната и ограбена на автобуска

Педесет и шест годишната скопјанка М.Р. вчера пријавила дека околу 5:50 часот на автобуска постјка во Влае била нападната и ограбена од непознато лице. Сторителот удирајќи ја оштетената со бокс во пределот на лицето и ја одземал ташната во која имала паричник со лични документи и пари. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Страшна сообраќајка во Автокоманда – се преврте автопмобил

Страшна сообраќајна несреќа, вчера се случи во скопската населба  Автокоманда. Превртено е возило на булеварот Александар Македонски, на кое се искршени прозорците и отворени се воздушните перничиња. Засега нема информации за повредени, присутни се Брза помош и полицијата која моментално прави увид на местото. Сообраќајот се движeше во една лента поради разлетаните остатоци од колата. Фото […]

______________________________________________________________________________________________________

Самоубиство во Скопје – пензиониран професор си го оддзел животот

Попладнево во скопската населба Карпош 4 на улицата Волгоградска се случило самоубиство, објави Нетпрес. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата до која дојде НетПрес. Оттаму потврдуваат дека се работи за самоубиство, а жртва е маж во поодминати години. Според првичните информации на Лидер пак професорот се самоубил со скок од терасата од станот […]

______________________________________________________________________________________________________

НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЈКА: Ја протнал раката низ шалтер и и ја удрил главата во стакло

На 01.10.2014 година во 11.00 часот во Велес на ул.„АСНОМ“ , во просториите на Здружение на возачи – Автобезбедност, З.Р.(59) од Велес незадоволен од работењето на полицискиот службеник почнал да вика на висок тон и да се расправа, а откако истата се легитимирала со службена легитимација и му наредила па престане со викањето, истиот продолжил […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Екстрадиран партнерот на Мадам Пепи во Идризово

Вчера попладне од белгиските власти беше преземен Војислав Б. кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Интерпол Скопје. -Постапката за екстрадиција мина без проблеми или инциденти и истиот преку Аеродромот „Александар Велики“ беше префрлен во КПУ Идризово, за издржување на казна затвор во времетраење од 3,5 години, која во отсуство му е изречена заради […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец пукал кон мотоциклист

Триесетгодишниот полицаец М.К. од Радовиш доби кривична пријава бидејќи пукал во учесник во сообраќај. На 12.09.2014 година, пријавениот бил ангажиран за вршење службени задачи од областа на сообраќајот, по што на даден знак на моторциклист да застане, моторциклистот не ја почитувал наредбата и го продолжил движењето, по што пријавениот од службениот пиштол испукал два куршуми, […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка на “Илинденска“, тројца повредени – удрено и полициско возило

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот “Илинденска“ при што, дознава Сител, се повредени три лица. Во сударот учествувале три возила, меѓу кои е и полициска “шкода јети“. Тројцата возачи со повреди се префрлени на скопските клиники. Во моментов полицијата врши увид на местото на сообраќајката. Подоцна ќе се знаат причините за сударот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетник од Скопје силувал девојче

Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство  го предаде малолетникот А.М. (16) поради основано сомнение дека сторил  22 кривични дела,  меѓу кои „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. На А.М. му е одреден 30 дневен притвор. Тој извршил полов напад над малолетничка со која бил во […]

______________________________________________________________________________________________________

Велешанец усмртил пешак возејќи во рикверц

Пензионер загина во трагична сообраќајна несреќа кога во него удрило комби, со кое возачот се движел рикверц без да го забележи старецот. Сообраќајката се случила во саботата, на улицата Нада Бутникошарева во Велес Според полициските информации, возачот А.Б. (42) управувајќи комби „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки се движел рикверц кога во еден момент забележал […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка на фудбалски меч во Куманово – полицаец пукал за да се спаси од напаѓачите

На фудбалскиот меч помеѓу кумановските тимови Башкими и Карпош се случил инцидент во кој полицаец морал да пука во воздух за да се спаси од напаѓачите. На 27.09.2014 година околу 18,15 часот во с.Шупли Камен, кумановско бил одигран фудбалски натпревар помеѓу Башкими и Карпош и двата клуба од Куманово. На овој натпреваро дошло до тепачка […]

______________________________________________________________________________________________________

Функционерот на СДСМ уапсен за примање поткуп – ВИДЕО од апсењето

Секторот за корупција при ОСОСК во соработка со СВР Куманово, во борба против организираниот криминал и корупција вчера (27.09.), по претходна пријава од страна на граѓанин, реализираше случај за коруптивно кривично дело примање награда за противзаконито влијание ,сторено од страна на службено лице В.Б.(38) од Куманово вработен како раководител на Сектор за правни, имотно правни […]

______________________________________________________________________________________________________

Агресивна жена давела социјална работничка во Штип

Службеничка во штипскиот Центар за социјални работи е нападната од жена и маж кои живееле во вонбрачна заедница, бидејќи таа им доставила негативно решение, со кое им се укинува социјалната помош. Инцидентот го потврдуваат и од СВР-Штип, кои интервенирале во овој случај. Настанот се случил во канцеларијата на Центарот за социјални работи, најпрво вонбрачниот пар […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип: Претепана социјална работничка

Вистинска драма утринава се случувала во штипскиот центар за социјални работи. Социјален работник бил натепан на своето работно место. Незадоволните странки својот бес  го истуриле откако го виделе решението со кое ги одбиле од социјална помош. Имено маж и жена кои живееле во вонбрачна заедница влегле во канцеларијата на службеничката барајки образложение, пишува Алфа. Откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Храбра баба од Струмица: И се заканувал со нож, му ја тргнала маската и го препознала

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Н.(29) од Струмица, за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид. -На 16.09.2014 година, во Струмица, пријавениот, маскиран влегол во домот на П.Б.(88) и Ѓ.Б.(89), уништувајќи ја телефонската инсталација и со закана дека ќе ги убие им побарал пари, информираат од полицијата. Ѓ.Б. успеала да му ја тргне маската на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се крадци на сефови од Македонска пошта

Уапсени се тројца крадци, кои во мај и јуни годинава, ограбија две експозитури на Македонска Пошта во Скопје. Тричлената банда имала разработено шема, велат од МВР, осомничените прво краделе возила, кои ги користеле за да стигнат до поштата и да побегнат со пленот.  Полицијата им влезе во трага благодарение на грешката кој ја направиле бегајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина пешак откако бил прегазен од камион

Пешак загина окако вечерва околу 19:20 часот кај местото викано Билдес на магистралниот пат Кратово – Крива Паланка откако на него налетал каммион со скопски регистерски таблички управуван од 56 годишниот К.К. од Крива Паланка, дознава Press24. Од здобиените повреди пешакот починал на лице место. Од полицијата ги потврдуаат информациите. Идентитетот на загинатиот кој има околу […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1