Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Полицаец спаси скопјанка да се самоубие

Скопјанката М.Д. (79) вчера била извлечена од водите на Вардар при обид за самоубиство. Од МВР информираат дека жената била забележана од случаен минувач како влегува во Вардар во скопски Ѓорче Петров, по што била повикана полицијата. На лице место излегле екипи, при што помошник командирот на полициската станица Ѓорче Петров влегол во реката и […]

______________________________________________________________________________________________________

Две жени повредени во судир на пет возила – мостот Гоце Делчев во Скопје блокиран

Две жени се повредени во верижен судир кој утринава се случи на мостот „Гоце Делчев“ во близина на Владата. Според информациите од полицијата во несреќата учествувале пет возила, Голф, Мерцедес, Опел Корса, Форд и Пежо, сите со скопски регистерски таблички. Повредена е жената која го управувала Пежото и истата е пренесена во ГОБ „Св. Наум […]

______________________________________________________________________________________________________

Верижен судир на мостот Гоце делчев

Верижен судир се случи утринава меѓу пет автомобили пред Влада, поточно на семафорите кај мостот Гоце Делчев. Неофицијално, има повредени лица, кои се пренесени во болница, а причинета е голема материјала штета. фото: република.мк  

______________________________________________________________________________________________________

Македонка повредена во сообраќајка во Србија

Македонска државјанка е тешко повредена, а најмалку двајца нејзини пријатели минале со полесни повреди во сообраќајката која утрово околу 8 часот се случила на автопатот Белград-Ниш, извести РТС. Сообраќајката се случила кога возачот на автомобил „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина. Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот од Охрид во бегство – полицијата најде еден куп оружје кај негови роднини

Полицијата с` уште трага по охриѓанецот Б.П.(30) кој ги уби сограѓаните Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелкоски (38) во четвртокот во хотел- ресторанот „Император“ во Охрид. Од МВР велат дека немаат нови детали за случајот и дека интензивно трагаат по осомничениот. Не се познати ниту мотивите за двојното убиство, иако се шпекулира дека меѓу Ристески […]

______________________________________________________________________________________________________

Загина 22 годишно момче од Прилеп

Синоќа на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која загина 22 годишен прилепчанец. Младиот Бојан Ц. управувајќи моторцикл „Хонда“ изгубил контрола, удрил во банкината од улицата и паднал. Од здобиените повреди прилепчанецот починал на лице место. На местото на несреќата извршен е полициски увид.

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија на патот Неготино-Гевгелија- додека барал помош го згазил автомобил

Трагедија се случила утринава околу 6:40 часот на автопатот Неготино-Гевгелија, јавува Курир. Украинско возило „Даеву Нубира“ излетало од коловозот, по што возачот излегол од автомобилот да побара помош. Во тој момент на него наишол автомобил „Цитроен“  со српски регистерски ознаки и го усмртил на лице место. По проверките утврдено е дека станува збор за украински […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за убиството во Неготино: Мажот убиен за 1.000 денари

Полициска станица Неготино во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето С.В. (38) од село Пепелиште- Неготино, поради основи за сомнение за сторено убиство над лицето Вељо А. (86) од село Пепелиште општина Неготино. Пред два дена во времето од 12-13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување […]

______________________________________________________________________________________________________

Две мртви тела пронајдени утрово во Струмица

Струмичанец на возраст од 39 години се фрлил од четвртиот кат од зграда на улица „Ценка Павлова“ во близина на Основното училиште„ Никола Вапцаров“ утрово околу 7.00 часот, пренесе 24 Струмица. Според првичните информации се работи за лицето Мите.А , за кој соседите кои беа на лице место велат дека го виделе синоќа околу 22.30 […]

______________________________________________________________________________________________________

Ново убиство: Маж пронајден мртов на гробишта во неготинско

Машко починато лице вчера околу 10:45 часот било пронајдено на селските гробишта во неготинското село Пепелиште. Како што дознава Курир, починатиот е 86- годишниот Вељо А. од истото село кај кого на телото биле забележани видливи траги на насилство. Во врска со убиството, полицијата привела едно лице кое се сомничи дека е сторител на делото. […]

______________________________________________________________________________________________________

Параглајдерска несреќа во Крушево – тешко повредено едно лице

Во Крушево, атар на с.Острилци,  вчера попладне, 33- годишно лице од Унгарија летал со параглајдер, при што изгубил контрола и паднал. Истиот е пренесен во Клинички центар Битола за укажување на лекарска помош. Тој е во тешка состојба, а констатирани му се тешки телесни повреди.

______________________________________________________________________________________________________

27 годишна девојка киднапирана во светиниколско – била ветена за невеста

Во с.Калузлија-Општина Карбинци-Штип, вчера наутро, А.М.(26) од с.Калузлија, противправно била лишена од слобода од страна на две лица. Имено, лицата дошле на горенаведеното место и едниот ја фатил оштетената во пределот на рацете, почнал да ја влече, велејќи и дека ќе ја земе со него за да му биде сопруга при што истата давала отпор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 17 годишна девојка во Демир Капија

Седумнаесетгодишна девојка од Демир Капија во четвртокот околу 23 часот излегла од својот дом и исчезнала. Мајката на малолетната девојка го пријавила исчезнувањето на својата ќерка на 16-ти овој месец во полицијата во Неготино. МВР денеска соопшти дека на 16 август во ПС Неготино, Б.П.(50) од Демир Капија, пријавила дека на 14 август околу 23:00 […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно сообраќајка кај Удово – повредени 3 србинки

Три жени се повредени во сообраќајката што се случи утрово кај Удово. Жените биле сопатнички во трите автомобили со таблички од Србија, а повреден е и возачот на автомобилот од Струмица. Сите повредени се хоспитализирани во гевгелиската болница. Гевгелиската полиција извести дека три возила со српски и автомобил со струмички таблички утрово околу 6.30 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче прегазено пред Зоолошка

Дваесет и седум годишниот Д.Ј. вчера бил итно пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ откако во него удрил автомобил. Несреќата се случила оклу 21 часот во близина на Зоо Скопје, кога во Д.Ј. кој се движел пеш, удрил автомобил „Фиат“ управуван од 25-годишниот Д.С. Момчето со тешки повреди е примено во болница, но за среќа се […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебе, 3 деца и 5 жени повредeни во несреќа во Припор

Неколкумесечно бебе, три деца, пет жени и двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу полноќ се случила во скопската населба Припор, извести МВР Во несреќата од засега непознати причини се судриле два „голфа“ со скопски таблички. Сите повредени се од скопското село Чифлик. Седумина од повредените се пренесени на лекување во Клиничкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 20 годишно момче во Тетово

Синоќа 10 минути пред полноќ во полициската станица во Тетово, И.Х.(51) од Тетово, пријавил дека на 16.08.2014 година во 20,30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Х.Х.(20). Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.  

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Струмица – еден загинат

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица- граничен премин Ново Село. Во несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички. Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1