19/04/2014 17:00
•
Posted by: MK News
Судијата на фудбалскиот натпревар помеѓу клубовите ФК „Обршени“ од прилепското село Обршани и ФК „Динамо“ од охридското село Мажуриште, минал со тешки повреди откако не досудил црвен картон на фудбалер од клубот домаќин. Полицијата извести дека додека траел натпреварот настанала вербална расправија помеѓу играч од ФК „Обршани“ и фудбалер од гостинскиот клуб, а судијата К.С. откако не […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2014 16:23
•
Posted by: MK News
Полицаец кој работел во населба Чашка се застрелал во саботата, јави Утрински весник. Лицето е на возраст од 55 години и тој се застрелал со пушка во пределот на стомакот. Тоа се случило во помошната просторија шупа додека ја чистел пушката. Поради тежината на повредата, тој е во животна опасност, од велешката Болница итно бил […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2014 15:59
•
Posted by: MK News
Во водите на реката Вардар полицијата ги пронајде удавени Трајан Божиновски и Драган Стефановски кои претпладнево паднаа во реката. Во водите на Вардар во близина на скопско Јурумлери утрово паднале двајца работници. Несреќата се случила во 9 часот и 55 минути на железничкиот мост на реката Вардар кај Долно Лисиче, во близина на Јурумлери. Според МВР, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 20:15
•
Posted by: MK News
Девојчето кое вчера беше повредено во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, 24 часа по инцидентот во кој загинаа нејзината мајка и помладата сестра е во стабилна здравствена состојба, пренесува Макфакс. Вчера рано попладне на патниот правец Битола – Ресен спроти село Братиндол се случи сообраќајна незгода во којашто учествуваат „тико” управувано од 45-годишната […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 13:12
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 34 годишниот Д.Р. од Скопје, вработен во Агенција, а за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.1 од КЗ на РМ. Пријавениот, во својство на службено лице, а заради стекнување со противправна имотна корист, во текот на минатиот месец побарал парични средства […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2014 12:14
•
Posted by: MK News
Владин функционер е уапсен под сомение за примање поткуп, неофицијално дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, станува збор за еден вработен во владината Агенција за поддршка на земјоделието. Нeофицијалните информации до кои дојде Press24 говорат дека функционерот се сомничи дека барал поткуп за да им исплати помош која согласно законот им следува на земјоделците. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 21:56
•
Posted by: MK News
Шест лица ќе добијат соодветни пријави откако полицијата го расчисти инцидентот кој денеса по митингот на кандидатот на СДСМ за претседател избил во скопско Лисиче. „Министерството за внатрешни работи го расчисти нарушувањето на јавниот ред и мир кое се случи со тепачка на ул.Ѓорѓи Капчев, помеѓу З.Л.(1996), К.Л.(1985), С.Л.(1959) и А.Л.(1998) од ул.Ѓ.Капчев(членови на СДСМ) […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 20:53
•
Posted by: MK News
Општа тепачка настана во неделата кога млади Македонци и Албанци жители на Радишани влегоа во пресметка после сообраќајна несреќа. Министерството за внатрешни работи информираше дека во неделата, на 13 април,, околу 22.30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 17:44
•
Posted by: MK News
Мајка и ќерка на возраст од околу седум години загинаа во сообраќајка кај Битола, и двете од Ресен. Девојче на возраст од околу 7 години и покрај обидите за реанимација го загуби животот по тешката сообраќајна несреќа која попладнево се случи кај Битола. Нејзината мајка почина на лице место. Сообраќајката се случила попладнево на излезот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2014 12:51
•
Posted by: MK News
Приведени се тројца македонски државјани, од кои двајца полицајци, и запленети околу 300 килограми мариухана. МВР пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Албанија, при што приведе тројца македонски државјани, од кои двајца полицајци, и заплени околу 300 килограми мариухана. Како што информира на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, марихуаната со […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2014 19:59
•
Posted by: MK News
СВР Струмица поднеле кривична пријава против А.А.(53) и А.А.(30), двајцата од Струмица, за сторено кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите. Како што информира полицијата, вчера во времето од 14.15 до 14.30 часот тие со автомобил дошле пред куќата на еден струмичанец и му рекле да гласа за СДСМ, притоа упатувајќи закани и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2014 14:49
•
Posted by: MK News
Ноќеска околу 2 часот засега непознати сторители го потпалиле автомобилот марка „форд фиеста“ на поранешниот претседател на Основниот суд во Велес Јордан Лазаров. Колата била паркирана пред влезот на семејната куќа на Лазарови, во новиот дел на градот, јави „Дума“. Пожарот прв го забележaл синот и веднаш реагирал. На помош дошле и соседите, па по […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2014 13:34
•
Posted by: MK News
Четири члена од семејство се повредени во синоќешниот инцидент во скопската населба Радишани. Според информациите од полицијата околу 22:00 часот дошло до расправија, која преминала во тепачка меѓу две групи, сите од Радишани. Во инцидентот повредени се 74-годишната Ш.З., Џ.З. (20), Б.З. (23) и Ф.З. (43) кои се пренесени во градската болница „8. Септември“. По […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2014 09:50
•
Posted by: MK News
Вчера околу 23 часот во Радишани се случила голема тепачка помеѓу Албанци и Македонци, пишува порталот на албански јазик Алмакос. Неколкумина учесници во тепачката се потешко повредени и пренесени во Воената болница во Скопје. На местото на кое се случила физичката пресметка има голем број на Алфи и припадници на МВР. Неофицијално, до пресметката дошло откако […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи во скопско Батинци. Тројца од поврeдените завршија во Ургентниот центар, а четворица се пренесени во Градската болница, од каде еден е пуштен на домашно лекување. Засега нема информации за карактерот на нивните повреди. Изборна победа по завршувањето на денешните избори славеле повредените патници […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2014 22:43
•
Posted by: MK News
Четири лица се борат за живот по тешката сообраќајка која вечерва се случила во скопско Батинци, велат очвидци за Press24. Информацијата се уште нема потврда од полицијата
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2014 18:10
•
Posted by: MK News
Автомобил „Мерцедес“ вчера прегази седумгодишно детенце од Тетово, пишува Утрински весник. Според информациите на весникот, детето го туркало својот велосипед по регионалниот пат Тетово – Јажинце, кога на него налетал „Мерцедесот“ со тетовски регистрации. Возачот на „Мерцедесот“ го зел детето и веднаш го однел во тетовската клиничка болница. Оттаму момчето било пренесено на скопските клиники. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2014 15:43
•
Posted by: MK News
Пекар од Македонија e осуден на 16 години затвор, откако ја претепал сопругата со сукало до смрт и го снимил масакарот со мобилен телефон. Убиството, како што пишува Дневник, се случило во италијанскиот град Риети минатата година, а тамошниот суд, пред два дена одлучил 42 -годишниот Љазим Шабани да биде осуден за убиство на 37-годишната […]
______________________________________________________________________________________________________