Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Изгоре стан во Аеродром

Пламени јазици го пеплосаа станот на 35 годишниот А.А. лоциран во скопската населба Аеродром. Пожарот избувнал вчера и зафатил дел од терасата и собите. По интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран. За среќа, во пожарот нема повредени лица. Полицискиот увид треба да ги открие причините за избувнувањето на пожарот.

______________________________________________________________________________________________________

Возач на камион се обидел да прегази полицаец

Според МВР вчера  околу 19,00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, З.Т.(43) од Велес извршил предизвикување општа опасност, така што откако претходно неговото ТМВ „Ман“ натоварено со песок а управувано од Л.Л.(54) од Велес било запрено од страна на полициски службеници, З.Т. спротивно на наредбите на полициските службеници влегол во […]

______________________________________________________________________________________________________

Камион прегазил жена кај Американската амбасада

Камион удрил во жена која како пешак поминувала преку коловозот на булеварот „Никола Карев“ (позната и како пластичарска улица). Несреќата се случила во 12:20 часот кога камионот ја удрил жената додека ја поминувала улицата. Повредената жена е пренесена во болница, а од СВР Скопје немаа информации за тежината на повредите, јавува Канал 5. Сообраќајната полиција […]

______________________________________________________________________________________________________

Грабнале 22 год девојка и ја однеле на Водно – ја спасила полицијата

Лицата С.П и И.Р на возраст од триесетина години, вчера ја грабнале 22 годишната С.Р од централната градската автобуска станица во Скопје Две машки лица лажно и се претставиле дека не се од Скопје, па млада скопјанка прифатила да ги прошета низ градот, но тие ја однеле накај Водно, пренесува Нетпрес. Според информациите од портпаролот […]

______________________________________________________________________________________________________

Три спрски „певаљки“ уапсени во Струга

Српските државјанки М.Ѓ.(1987), С.Ј.(1981) и Д.М.(1972), синоќа биле затекнати во кафеаната „Милано“ во Струга. Тие биле во ангазамн на забава на гостите и работеле како пејачки. Полицијата информира дека трите Србинки билен приведени затоа што работеле спротивно на целта што ја навеле за престојот во земјава и затоа што го прекршиле Законот за странци. За […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на мостот „Гоце Делчев“, дете е во критична состојба

Tешка сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, во центарот на Скопје, се случи ноќеска после 21 часот, јави телевизијата Алфа. Според првичните информации, едно дете е во критична состојба, откако било удрено од автомобил. Од Ургентниот центар за телевизијата изјавиле дека детето не е при свест и оти има скршеници по телото, но детални испитувања […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж погоден од залутан куршум во Скопје

Ургентен Центар Скопје во вторникот пријави дека кај нив е донесено лицето Љ.Д.(65) од Скопје кој бил погоден од залутано зрно. По преземени мерки е утврдено дека истиот ден, околу 15:00 часот, на ул. „Солунска Глава“, додека Љ.Д. поставувал водоводни цевки во дворот од неговата куќа бил погоден од залутан проектил во пределот на рамото.

______________________________________________________________________________________________________

Воз удри скопјанец кај Железара

Воз удри во пешак на пругата во близина на железничката станица Железара. Возот кој сообраќал од Кичево кон Скопје удрил во 32 – годишниот Е.Ј. Според МВР, скопјанецот имал потешки повреди и е пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Инцидентот се случил вчера во попладневните часови.

______________________________________________________________________________________________________

Што имало во камионот? Возачот кој загина и 2 сопатници скокнале од камионот во движење – не се знае зошто

56 годишниот Зоран Ѓ. загина, а двајца се повредени откако скокнале од камион во движење, натоварен со песок. Не се познати причините зошто тројцата – возачот и двајцата сопатници, скокнале од возилото, пренесува Канал5. Сообраќајната несреќа се случила на влезот во село Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според податоците на полицијата, до несреќата […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанец фатен со цел арсенал оружје на Деве Баир – Калашникови, кашикари

Царинската управа во возило марка Опел Астра со грчки регистарски таблички, управувано од државјанин на Албанија открила цел ареснал огнено оружје. 8 автоматски пушки, 4964 куршуми за автоматска пушка, 20 рачни бомби кашикари, пиштол и 20 иницирачки каписли за рачна бомба – е вкупниот арсенал кој е пронајден. Осомничениот оружјето го украл од магацин во […]

______________________________________________________________________________________________________

Брачен пар повреден во сообраќајката кај Чешиново – се борат за живот

Брачниот пар  кои беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа  на патот Штип – Кочани се во критична состојба. Како што пренесе Канал 5, жената е префрлена на Хирургија и има повреди на главата, а нејзиниот сопруг е на Одделението за трауматологија. Девет лица се повредени во сообраќајката која се случи кај крстосницата за Чешиново. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Камион излета на патот Црешево – Раштак – загина совозач

Едно лице загина, а друго е тешко повредено откако товарно моторно возило „ТАМ“ со скопски регистарски таблички од засега непознати причини излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа се случила на локалниот пат Црешево – Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според податоците на полицијата, до несреќата дошло откако камионот со скопски регистарски таблички од засега […]

______________________________________________________________________________________________________

Tешка сообраќајка на патот Штип – Кочани – 9 повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип – Коачни. Се судриле комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички. 9 лица се повредени од кои двајца потешко и се пренесени во ургентниот центар во Скопје. На местото на несреќата во тек е увид. Сообраќајот е пренасочен преку село Борилчево.

______________________________________________________________________________________________________

Крадци го ограбиле УЈП во Струга

Непознат сторител, во периодот од 10 до 12 октомври  од просториите на управата за јавни приходи (УЈП ) и УИПР украл ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што причинил материјална штета од околу 18.000 денари. Крадецот, како што соопштија од  полицијата, прво го скршил стаклото од прозорецот на бараката, влегол внатре и од […]

______________________________________________________________________________________________________

Гевгеличанец сакал да убие змија, се убил самиот себе

Денеска околу 13 часот во близина на браната во атарот на селото Габрово во Гевгелија, се случила трагедија, при што настрадал 58-годишниот Ванчо Г. Тој бил на лов заедно со други ловџии, на земјата забележал змија при што ја удрил со кундакот од својата пушка за да ја усмрти,  но пушката во тој момент пукнала […]

______________________________________________________________________________________________________

Возилото во кое загинаа 5 млади се забило во зграда – распарчено на делови, загинале на место (ФОТО)

Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција, при што од ударот сите лица починале. Полицијата и увидните екипи одвај го извлекле возилото од подрумот. Тоа било целосно уништено и распарчено на делови. Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во тој дел од градот се одвива отежнато. Две од […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на загинатите 5 момчиња кај „Рампа“ – сите на возраст од 27 – 28 години

Утврден е идентитетот на петте момчиња кои утрово трагично го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа во Скопје. Курир пренесува дека во несреќата животите ги загубиле, Александар Стаиќ, Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, на возраст од 27 и 28 години. Александар и Борче се во роднинска врска, но засега е непознато […]

______________________________________________________________________________________________________

Teшка сообраќајка во Скопје: 5 млади лица загинаа

Пет млади лица утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу три часот на „Јужен булевар“ во близина на „Рампа” во Скопје, потврди за МИА, Марија Јаковлевска од Министерството за внатрешни работи. Според податоците на полицијата, возилото „БМВ“ со кое се превезувале пет лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на воздраст […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1