Archive | Македонија RSS feed for this section

Директорите предупредуваат: ќе има казни за средношколците

Санкции за средношколците кои ја бојкотираат наставата. Директорот на битолското средно техничко училиште е првиот кој јавно проговори за мерките кои како можност стојат на располагање, јави Телма. – Ќе добијат неоправдани изостаноци. Сите одсуства се запишуваат. Ќе биде утврдено дали се оправдани или не , па според правилникот ќе добијат педагошки мерки – вели […]

______________________________________________________________________________________________________

Болните од рак не смеат да чекаат повеќе од една недела за преглед

Болните од малигни заболувања нема да чекаат повеќе од седум дена за прва дијагностичка процедура од моментот кога лекарите ќе се посомневаат дека станува збор за канцер, а за хистопатолошки наод нема да чекаат повеќе од 21 ден. Министерството за здравство од денеска на својата веб-страница ги постави 32. клинички патеки за третман на лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Кичево: 45 годишен подофицер на АРМ почина при тренинг во касарната

Во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, денеска околу 11:40 часот за време на редовна физичка проверка, на 45 годишна возраст, почина подофицер на АРМ. При проверката на една од дисциплините, трчање на 3.200 метри, на подофицерот видно му се слошило, од каде со воено санитетско моторно возило бил пренесен во медицинскиот центар во […]

______________________________________________________________________________________________________

Нова бомба на СДСМ за партиската војска во институциите

Денеска ќе објавиме докази кои ја потврдуваат поклопеноста на државата од неколку луѓе. Ќе слушнете зошто во извештаите на ОБСЕ токму МВР е посебно посочено како пример каде се поклопуваат државата и партијата, ќе видите како возилата на МВР се користеле за партиски потреби, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција објавувајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве каква пролет и лето ја очекуваат Македонија

Според анализите на расположливите податоци и информации од европските и американските истражувачки центри за сезонските изгледи на времето и климата постојат изгледи за променлива, релативно влажна и врнежлива пролет во Македонија со температури под просечните за месец април како резултат на променливото и влажно време и во рамките на просечните за мај и јуни. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Прекинато суењето за Дедо Љубе ќе има нова истрага – Правдата ќе победи, вели Дедо Љубе

Пред малку  во судот во Куманово заврши судскиот процес за дедо Љубе, односно постапката се враќа на прв претрес, на нова истрага. Пред две години дедо Љубе бил измачуван  од натрапниците. Пред да успее да се ослободи, застрела еден од напаѓачите,  од измачувањето неговата баба останала глува.  -Сметам дека правдата ќе победи. Јас го преживеав […]

______________________________________________________________________________________________________

„Коха Диторе“: УЧК ја презеде одговорноста за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, позната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха Диторе“. Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими. Од македонската полиција засега нема коментар за ова. До сега Владата беше погодена со три […]

______________________________________________________________________________________________________

Следуваат уште три празника со продолжен викенд

Продолжениот викенд по повод велигденските празници беше можност за одмор и време со семејството. Но, дури уште три наредни празници овозможуваат продолѓжени викенди. Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во петок, што значи уште еден продолжен викенд. Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. […]

______________________________________________________________________________________________________

Проверете си ги сметките ако сте на ОНЕ – наплаќале за СМС игра иако не сте играле ?!

Во тек е наградна СМС игра на мобилниот оператор ОНЕ. Читатели се жалат дека и покрај тоа што не испратиле смс потврда дека сакаат да ја играат играта на сметката повторно им е наплатено за секој ден наводно учество во играта?. Еве што вели читател на Mknews кој тврди дека не испратил согласност да учествува […]

______________________________________________________________________________________________________

Над Трнодол и Жданец ќе никнат нова населба и обиколница?!

Идејата над Трнодол и Жданец да се гради нова населба ги вознемири жителите од овие населени места. За промените на деталниот урбанистички план на општина Карпош, дознале пред два месеца откако повторно се актуелизира планот за изградба на Јужната обиколница, објави Телма. Со новиот ДУП е предвидено обиколницата да минува 400 до 450 метри подолу […]

______________________________________________________________________________________________________

За одржување на фонтаните и спомениците во Скопје над 400 илјади евра

Според оглас објавен во Бирото за јавни набавки, Град Скопје бара фирма која ќе се грижи за фонтаните и спомен-обележјата, за што е проценето дека ќе чини над 25 милиони денари без ДДВ, односно повеќе од 400.000 евра. Тоа е отпрлика околу 100.000 евра повеќе отколку минатата година.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Православниот храм „Св. Константин и Елена“ наскоро ќе биде готов

Новиот скопски православен храм „Св. Константин и Елена“, кој започна со изградба на 11 ноември 2012 година, наскоро ќе биде завршен. -Градежните работи околу црквата и нејзината 50 метри висока камбанарија се во поодмината фаза и веќе се изведуваат декорации на фасадата, пишува „Билд“. Kамбанаријата ќе има едно големо централно ѕвоно тешко 8,3 тони и уште 11 […]

______________________________________________________________________________________________________

ТАЖНА ВЕСТ: Почина докторка Евица Бојаџиева

Докторката која спаси многу животи, ја загуби битката со најтешката болест.  почина д-р Евица Бојаџиева за која јавноста се крена на нозе по хуманитарниот повик. Како што дознава Курир, Бојаџиева почина вчера утрото во својот дом.  Третманот на нејзината болест траеше до 20-ти јануари. Таа се лекуваше во Кина. Најпрво добивме позитивни вести дека третманот е […]

______________________________________________________________________________________________________

Километарска колона на патарините во Македонија

Околу три километри долга колона од возила вечерва е формирана на патот Велес- Скопје. Зголемената фрекфенција на возила, како последица од завршувањето на празникот, го создаде метежот на автопатот. Автомобилите полека се движат од Штипска клучка , кај Велес, се до наплатната станица Отовица. Патници велат дека има застој во сообраќајот и се чека долго, […]

______________________________________________________________________________________________________

А дојде Велигден цените на јагнешко одат до небо – килограм месо поскап од лани

Предвелигденскиот период ги зголеми цените на јагнешкото месо. Во Струмица килиограм  чини од 310 до 350 денари. Претходно цената се движела од 280 до 300 денари. Граѓаните велат дека овој артикл доколку им дозволи семјениот буџет ќе го има на празничната трпеза. „Нема и не доаѓаме до јајца да земеме, не пак јагнешко месо… Не […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајна дозвола за илјада години!

Сообраќајна дозвола со важност од 1001 година – до 3016 година. Тоа го добил еден сопственик на возило, благодарение на грешката (незабележана) на референтите на МВР. Фотографијата е објавена во Фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

______________________________________________________________________________________________________

Кај Смиљковско само црквичката, тагата и тишината сведочат за убиените

Три години по грозоморното убиство на Александар Накевски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и на рибарот Борче Стефковски на Велики четврток, Смиљковско Езеро е мирно, како ништо да не се случило. Сведок на монстурозниот чин е само црквичката „Свети 40 маченици“, изградена во чест на убиените деца, пишува „Мета“. Тишината се чувствува и покрај […]

______________________________________________________________________________________________________

Велигденските јајца јадете ги до третиот ден – лани се затру семејство од Штип

Десетина штипјани не ги почитуваа препораките од лекарите, велигденските јајца да ги јадат најдоцна три дена по варењето, па завршија во болница поради труење минатата година. Јајцата што ги јаделе биле расипани. Беа примени во полоша здравствена состојба и минаа неколку дена во Болница.  Инфектолозите предупредуваат јајцата да се јадат најмногу до 3-от ден откако […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1