Archive | Македонија RSS feed for this section

Јадел во познат ресторан во Скопје – пронашол лебарка во храната

Изреволтиран твитереџија упати поздрав од ресторанот Стар Оушн кој се наоѓа во скопки Рамстор. Сликата која ја затекнал во својот оброк не била ни малку пријатна, пренесе Прес24  

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешко повреден најпознатиот македонски билдер – 200кг тегови му паднале на рака

Најпознатиот македонски бодибилдер заврши со тренинзите за оваа година и тоа не по негова желба, туку поради повреда која ќе го држи далеку од теретаната во следните неколку недели, објави порталот Точка. Мирко додека ги изведувал вежбите за гради, легнат на клупата за вежбање, по згрчувањето на неговите мускули, врз него паднале тегови со тежина […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Во недела -9 степени

Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот. Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места. Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија најавуваат дека од петок попладне и вечерта се очекува продор на […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителката Раичевиќ: Обвинителот го има главниот збор – предизвик, но и обврска

Стапувањето на сила на новиот Закон за кривична постапка е пресвртница во целокупниот кривично-правен систем на Република Македонија.Современа алатка за поголема ефикасност за органите на прогонот. Во новиот систем кој се воспостави со овој закон, полициската и обвинителската истрага се надополнуваат и фузионираат, а судската истрага практично се прескокнува, но не се заменува со некаква […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Документарецот од Шишков за Шишков

„Духот на татко ми”, филм за Ристо Шишков. Во главната улога беше, се разбира, Васил Шишков. Погледнете го целиот филм…

______________________________________________________________________________________________________

Одговорноста на КФОР исчезна од извештајот – сите детали за падот на авионот на Трајковски

Серија критични пропусти случувања и услови биле клучни за падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски и целиот екипаж. Босанските медиуми го објавуваат извештајот на истражителот Омер Кулиќ и во него стои дека во авионот немало ниту пожар ниту експлозија. Отфрлена е и верзијата за диверзија илил терористички акт, јавува босанската Федерална […]

______________________________________________________________________________________________________

По 4 години следење: Уапсена нарко банда со база во Македонија – запленети 100 кг хероин

Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол, разбија мрежа за шверц на хероин, која дејствувала претежно во Македонија. Истрагата се водела од 2010 година, соопшти европската полициска служба Европол. Во рамки на операцијата се уапсени близу 400 осомничени лица. Кoнфискувани се 100 килограми хероин, како и кокаин, канабис и пари. Kриминалната […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Македонија во подем ангажирање приватни детективи поради неверства

Изневерувањето на брачниот другар, проверка пред брак, следење на децата, проверка на лицата што се запознаваат на социјалните мрежи, се најбараните услуги од приватните детективи во земјава. Со неколку детективски агенции разговараше „Нова Македонија“. – На телефонскиот број на агенцијата се јавува жена што се сомнева дека мажот ја изневерува. По разговорот и сите формални и […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Почина двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово во сабота вечер починало на Клиниката за детски болести. Според информации на zdravstvo24.mk, со возило на Брза помош било донесено во терминална фаза. Според дежурниот медицински персонал, детето било апсолутно инкомпатибилно. Резултатите од крвната слика биле катастрофални – хемоглобин 22 и еритроцити 0,9 што според лекарите е невозможно да биде спасено. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци “заробени“ на грчката граница- мрзнат 24 часа

Гладни и смрзнати повеќе  од 24 часа чекаат пред грчката граница за да влезат во земјава. Македонските транспортери се оставени на милост на грчките граничари, кои не ги пуштаат да се вратат во својата земја. Не им даваат ниту информации а не кажуваат ниту кога ќе заврши нивната неизвесност.  Ваквата состојба се репризира неколку години, […]

______________________________________________________________________________________________________

Музичарите со забeлешки за новиот закон за хонорари

Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) не се согласува со обврската за данок од 35 отсто за секој хонорар повисок од 9.000 денари, кој треба да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Ставот го соопштија претседателот на СМУМ, виолинистот Љубиша Кировски, и негови колеги изведувачи на класична музика, кои бараат дијалог со […]

______________________________________________________________________________________________________

Стигнаа палмите вредни над половина милион евра

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави 1.100-те садници за кои во септември распиша оглас и за нив одвои над 522.000 евра. Палмите се од видот Trachycarpus fortunei и станува збор за влакнеста палма чие стебло расте над четири метри. Кога „Македонски шуми“ го распиша огласот, објасни дека палмите ќе бидат поставени во Дојран, Гевгелија, Струга […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес потопло – температури до 16 степени

Времетово Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, особено на повисоките места, на планините и на крајниот југоисточен дел. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од еден до 16 степени. Во Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

На Партизанска, во Чаир, Кисела Вода и Центар денес без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради зафати на ЕВН Македонија АД, без струја ќе останат: Од 9 до 14 часот бул. Партизански Одреди бр. 75 и 77. Од 9 до 15 часот ул. Христо Татарчев. Од 10 до 15 часот селото Љубин. Од 9 до 10 часот улиците Ѓуро […]

______________________________________________________________________________________________________

Дојранското Езеро се изли – ја „потопи“ градската плажа

Под вода е целата површина на градската плажа која се протега на центарот на Дојран на површина од 600 метри, до бетонскиот ѕид, состојба која дојранчани не ја виделе со децении, јави Гевгелија нет. „Езерото како да си го наплаќа својот воден данок со годините на суша и намален водостој од пред 25 години. Со […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорчев проговори за семејната трагедија: По нивната смрт, јас повеќе не сум истиот човек!

Ѓоко Ѓорчев по цели две години пауза повторно се враќа на музичката сцена со нов албум. Причина за неговата апстиненција од кариерата беше прераната смрт на брат му Влатко и братучед му, актерот Бранко Ѓорчев, па токму поради тоа новиот материјал пејачот им го посветува ним, пишува Вечер. Албумот им го посветувам на мојот брат […]

______________________________________________________________________________________________________

Од петок снег и пад на температурите

Среда нема да донесе промени на времето во однос на вторник. Повторно „замаглување“ низ котлините навечер и наутро, а преку ден генерално сончево. Утрото ќе биде малку „поблаго“ во однос на температурата. Минималната температура низ земјава ќе има вредност генерално околу -1°С. Денот ќе биде потопол во однос на вторник за околу 2°С. Максималната вредност […]

______________________________________________________________________________________________________

Со 100 поени „збогум“ за дозволата – една казна за 50 над дозволено, 65 казнени поени

На отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот. Во законот има и олеснувања и допрецизирање. Пример кај употребата на мобилни телефони, оставена е можност да се користат  средства кои нема да му пречат на возачот како што се хендсфри, безжични  телефони и друго. – Казна има и за лицата кои се превезуваат со возачот, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1