Archive | Македонија RSS feed for this section

Повредениот комита Турчин: Не ми е жал за раката ако спасив други

Најтешко повредениот навивач на Вардар, Горан Николовски – „Турчин“, прв пат по инцидентот во Битола самостојно се обрати до јавноста преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, инсистирајќи и натаму дека бомбата се нашла во неговата рака откако била фрлена од полициаец. – Една недела од несреќата! Бомбата пукна на висина од 1,85 метри и […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е најбогатиот градоначалник во Македонија – еве колку тежат и другите

Некои од македонските градоначалници не само што управуваат со богати општински имоти, туку некои од нив можат да се пофалат и со големо лично и семејно богатство вредно и по неколку стотици илјади евра, пишува Утрински весник. Судејќи според нивните анкетни листови доставени до Државната антикорупциска комисија, тие се сопственици на куќи, станови, земјоделски земјишта, […]

______________________________________________________________________________________________________

Не заборавајте на измената на сообраќајниот режим

Според информација од Министерството за транспорт и врски ве известуваме дека се воведе времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес конечно лето – цела недела ќе е сончево и топло – еве ја прогнозата

Во Македонија денеска времето ќе биде претежно сончево и топло, а од утре ќе имаме вистински летни температури. Услови за слаб локален дожд денеска ќе има само во западните предели од земјата. Утринските температури се движат од 12 до 21 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ […]

______________________________________________________________________________________________________

Алчност без мерка: Kолку чини литар вода на базенот во скопски Аеродром (ФОТО)

Погледнете колку чини еден литар вода на базен во скопски Аеродром. На водата си пишува дека е 25 денари, ама тоа не важи за базенот во Аеродром. Foto – Media.mk

______________________________________________________________________________________________________

Холанѓани го „окупираат„ Охрид: 40 купиле куќи и станови во Лагадин и Пештани

Четириесетина Холанѓани купиле куќи и станови во Лагадин и Пештани, а неколку семејства Британци, во Рача, посочи Никола Бакрачевски, градоначалникот на Охрид на вчерашната прес конференција, посветена на тековната туристичка сезона во Охрид. Лагадин е туристичка населба од времен карактер, изградена во втората половина на дваесеттиот век и се наоѓа покрај патот Охрид – Свети […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е Македонецот кој сите Хрвати го сметаат за нивен херој

Љупчо Атанасов е Македонецот кој деновиве сите го опишуваат како хрватски херој, а причината за тоа се крие во далечната 1991 година и војната во Вуковар, кога Љупчо успеал да спаси 70 Хрвати од сигурна смрт. Една вечер за време на полицискиот час, Љупчо се решил на многу ризичен потег, во кој можел да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Се бараат професионални возачи, пријавете се!

Од Министерството за транспорт и врски објавуваат дека со зголемувањето на влечни возила од 2009 година кога изнесувале само 6357, на 10,770, паралелно се зголемува и побарувачката за мимимум 4413 лица како професионални возачи. Земјавата го има зголемено и бројот на супермодерни камиони, по што и за нив се потребни професионални возачи. Генералниот секретар на […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанката Жана ги учи американците за секс без обврски – меѓу најценетите сексолози во САД

Сексот без обврски и ефектите врз емоционалната состојба, сексуалната ориентација, промискуитетот и немоногамијата се во фокусот на нејзината академска работа. Од факултетот за психологија во Скопје науката ја одвела во Њујорк каде што пред осум години стекнала докторска диплома по развојна психологија на Универзитетот „Kорнел“. Денес, Снежана Врангалова или попозната како д-р Жана, е меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Над 100 Македонци го тужат Фејсбук

Кон глобалната тужба против социјалната мрежа„Фејсбук“ поради кршење на европските закони за заштита на податоците, досега се приклучиле 112 Македонци. Оваа бројка ја потврдиле и од Europe-v-facebook, организација на австрискиот активист за право на приватност Макс Шремс, кој покрена групна тужба пред Трговскиот суд во Виена. Кон судскиот процес против „Фејсбук“ може да се приклучат корисници насоцијалната мрежа од […]

______________________________________________________________________________________________________

Мирните кучиња не мора да носат маска – а кој одредува кои се мирни кои не, никој не знае

Министерството за внатрешни работи го прифати барањето на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ сопствениците да не бидат обврзани да им стават маска преку муцката на неагресивните, мирни и социјализирани кучиња. Ова следува по јавното обраќање на здружението до министерката Гордана Јанкулоска лично да се ангажира околу толкувањето и примената на членот 29 од […]

______________________________________________________________________________________________________

Јапонци ќе снимаат филм за Македонија

Јапонска продукциска куќа започна со снимање на филм за Македонија. Како што пресува Охридњуз, филмот ќе биде со познатиот јапонски актер Seiichi Tanabe. Филмот за Македонија ќе биде емитуван на јапонската телевизија „FUJI“ прикажувајќи ја нашата држава како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде посетена од јапонските туристи. -Снимањето на документарно-играниот филм започна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтино лекување за иселениците со странски пензии во Македонија

Иселениците од Македонија кои оствариле право на пензија во друга земја, сега ќе можат поевтино здравствено да се осигураат во Македонија, предвидуваат измените што ги воведува Фондот за здравствено, а ќе важи и за кочанската подрачна единица, информираше раководителот Лазар Настевски. Досега иселениците кои оствариле право на пензија во странска држава, а кои имаат македонско […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Автобуси пливаат во вода на Пластичарска улица

Денешните поројни дождови ја поплавија Пластичарската улица во Скопје. На фотографиите може да се забележи дека автобуси и автомобили буквално пливаат во вода. Фото: Сител

______________________________________________________________________________________________________

Македонците најдобри трубачи во светот – победија во Гуча

На петиот меѓународен натпревар на дувачки оркестри кој заврши во Гуча учествуваа девет оркестри и тоа од Полска, Романија, Србија, Словенија, Македонија и Словачка. Најдобар меѓународен оркестар според одлуката на жирито е македонскиот дувачки оркестар „Уска Кан“, а Екрем Мамутовиќ е прогласен за најдобар светски трубач. На второто место е оркестарот „Сокол“ од Полска, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Невреме во Скопје – се споија небо и земја (Видео/Фото)

Силен дожд во огромни количества се истура во Скопје, поради што градот, а вклучително и центарот, изгледа како небо и земја да се составиле. Ова невреме, според виденото во претходните два три случаи, веројатно повторно ќе поплави некои надвозници, а некои улици полека целосно се исполнуваат со вода. Фото – Плусинфо.мк Видео: Пресс24

______________________________________________________________________________________________________

Од утре на скопскиот аеродром ќе им се мери температурата на патниците

Вирусот на ебола не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе. На аеродромот Александар Велики се поставува термална камера, со која од утре ќе се врши 24-часовен мониторинг за детектирање на патниците со покачена температура и други потенцијални симптоми, како дел од превенцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Телефонската линија „192“ е во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека поради технички дефект бесплатната телефонска линија „192“ е во прекин. Во моментов се работи на отстранување на дефектот, а сите оние кои имаат потреба да се јават во полиција тоа можат да го направата на телефонските броеви на полициските станици. Телефонските броеви можете да ги најдете на следниов линк […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1