Archive | Македонија RSS feed for this section

Ја оставил сопругата бремена – се вљубил во сестра и – убиството во Шутка крие неверојатна приказна

Тргнал да ја земе бремената сопруга од кај нејзините роднини, заминал во смрт. Наместо прослава за Рамазан, семејството нан Аки Реџепи денеска е во црно. Трагично заврши неговата љубов со со Шукрије, откако нејзиниот очув, му пресуди удирјаќи го со метална шипка во главата. 25 годишниот Аки, утрово почина во болница. По неколкучасовната расправија на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Преспа викендот 10.000 туристи, плажите преполни

Само последните три дена, за време на продолжениот викенд, преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите. Шпицот на сезоната ги оправда нивните очекувања. – Преполни беа плажите од Претор до Долно Дупени на источниот, и од Отешево до Стење на западниот брег, не само со гости од Македонија, туку и од […]

______________________________________________________________________________________________________

Златко Перински – нов директор на СЦ „Борис Трајковски“

Со одлука на Владата на Република Македонија, СЦ „Борис Трајковски“ од минатиот вторник доби нов директор – Златко Перински. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Ратко Капушевски заминува на нова функција, координатор на проекти во канцеларијата на Сергеј Самсоненко. Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓаат повеќенаменската сала, најголема од таков тим во […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден убиен, четворица ранети- затворена границата кај Дебар

Границата со Албанија кај Дебар е затворена. Еден е убиен, а четворица се ранети по престрелката на полицијата со криумчари, пренесува Нова. Четворица ранети и еден мртов е билансот од престрелката помеѓу македонската полиција и криумчари од Албанија по што е затворена привремено граничниот премин во Дебар, дознава АЛМАКОС М. Од МВР најавија повеќе информации […]

______________________________________________________________________________________________________

Нимиц: Прашањето за името засега многу земји, за идентитетот не се преговара

Прашањето за името на Македонија е прашање кое засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија и многу земји сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот. Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено, изјави денеска на прес-конфернцијата во Владата медијаторот на ОН за спорот со […]

______________________________________________________________________________________________________

БРУКА: Очевидци – Брза помош стаса по 30 мин, бебето не го ни земаа проценија дека е стабилно

Медицинските тимови биле целите збунети. Дошле по 30 минути на местото на несреќата каде загина 8 месечното бебенце а 7 лица беа повредени кај Демир Капија, велат очевидци за Mknews. ,,Дојдоа по околу 30/40 минути со 2 возила во кој можеше да се смести само по еден повреден. Па одеа до Велес па се враќаа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекарите во Велес плачеле за 8 месечното бебе – таткото бдее крај жената и 5 год син кој се во болница

Лекарите во Велес не можеле да ги скријат солзите кога констатирале дека за 8 месечниот Андрија нема спас. -Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, со солзи во очите сведочеле лекарите од велешката болница, пренесува […]

______________________________________________________________________________________________________

4 ранети во грабежот на златарницатa во Дебар – ранет и сопственикот (ОБНОВЕНО)

Маскирани напаѓачи вооружени со оружје околу 13 часот се обиделе да извршат грабеж во златарница во Дебар. Златарницата била во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам, пренесува Кајгана.мк. Четири лица се примени во болница по вооружениот грабеж што околу […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтинуваат бензините и дизелот

Дизелот поевтинува 0,5 денари, додека бензинот денар односно денар ипол по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, литар на ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар и ќе се точи по 80 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари по литар и ќе се продава […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани најдоа чаре за блокаторите – го менуваат тркалото – украден 121 блокатор досега

Дванаесет блокатори поставени на тркалата на непрописно паркираните возила се украдени од почетокот на годинава до сега, соопшти јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“. Од 2010 година, кога е воведена оваа санкција за непрописно паркирање до јули 2014 година украдени се вкупно 121 блокатор на тркало на ЈП „Градски паркинг“. При користење паркинг-услуга на зонските […]

______________________________________________________________________________________________________

Од среда па до сабота невреме во Македонија – еве кога да си седите дома

Подрачјето на Македонија од утре попладне ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса од запад, која на повеќе места ќе предизвика нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и град. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со нешто посмален интензитет на грмежи, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се повредените во тешката сообраќајка кај Удово во која загина бебенце (ФОТО)

Лекарите се борат за животот на мајката Марија (30) и чичкото Никола (24), додека пак братчето Матија (5) има тешки скршеници а таткото Драган (34) има полесни повреди. -Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 јануари ДДВ обврзници ќе станат сите фирми со промет поголем од 16.000 евра

Владата предлага измени на Законот за додадена вредност со кои се врши намалување на прагот на задолжителна регистрација за ДДВ од два, на еден милион денари. Илјадници мали фирми што имаат годишен промет поголем од 16 илјади евра ќе мора да плаќаат данок на додадена вредност. Досега ДДВ пресметуваа само фирмите со промет поголем од […]

______________________________________________________________________________________________________

Кој е крив шо немат гости во Охрид?

Кој е виновен за и ова катастрофална сезона? Факт е дека од кога се скинале визите на Македонските државјани, сите заминале на одмор во Грција, Албанија, Бугарија или подалеку. Останавме во Охрид со туристите наречени “Пиперкари“… тие што носет све од дома, не трошет ни Денар одпојќе во нашиот град и спијат за 200 денари […]

______________________________________________________________________________________________________

Од септември и предвремено пензионирање?

Предвремено пензионирање е опцијата која би можеле да ја добијат работниците заедно со законското право за доброволно продолжување на работниот стаж за три години. За ова на предлог на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) се разговарало на завчерашната седница на Економско социјалниот совет, а според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, има начелна согласност од […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија крати плати Македонија зголемува

Србија ќе ги крати платите и пензиите. Со ребалансот на буџетот кој најдоцна  до 15 септемрви треба да се најде во собранието, србската влада  за 10 отсто ќе ги крати платите во јавната администрација и пензиите. За останатите мерки  кои ќе се воведат за спас на државаната каса ќе се знае кон средината на септември. […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека утре. 29.07.2014, вторник без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците од бул. АСНОМ, како и полициска станица Ново Лисиче (општина Аеродром ),  – во време од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од пат за населба Радишани, и […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ќе се знае во кои колбаси ја имало смртоносната бактерија

Кои производи се опасни за консумирање поради присуство на бактеријата листерија ќе биде познато утре кога се очекува да заврши испитувањето и типизацијата на мострите во Агенцијата за храна. Првичните резултати покажале дека две мостри се позитивни, а се испитуваат околу 300 производи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, посочи дека станува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1