23/06/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Македонија се подготвува што побезболно да го помине процесот на либерализација на пазарот за автоодговорност, бидејќи прашање е на време кога тоа ќе се случи. Бугарија, Романија и Албанија имаат многу лошо искуство бидејќи по носењето на одлуките за слободно формирање на цените на полисите за автоодговорност, нивните пазари на осигурување беа доведени на работ […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Професорот Димитар Стамболиев, единствениот жив основач на оваа високообразовна институција, но и еден од ретките, можеби единствениот македонски граѓанин којшто со години преку својата фондација од свои лични средства дава стипендии на најдобри студенти на машинскиот факултет. Погледнете го неговото гостување на Канал 5 телевизија
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Од новите министри, најбогат е новиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, кој е најбогатиот од сите министри во владата на Груевски и Ахмети, објави телевизијата Алсат. Од кадарот на ДУИ пак, иако нема ништо на свое име, сепак најбогат е Аднан Јашари. Но, неговото богатство е неспоредливо со богатството на Јолевски. Зоран Јолевски во земјава […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Од денеска отпочна со работа “Golden Beach” – Златната плажа кај туристичкиот комплекс “Парк” во Охрид. Оваа плажа е една од најубавите на брегот на Охридското езеро. ФОТО: Ohridnet.com
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Стартот на летото, се најавуваат и жешки, долги работни денови за македонските политичари. Ќе си дадат мала оддишка или ќе летуваат? Се уште нема одлука дали министрите ќе одат на колективен одмор. Од Владата за Алфа информираат дека во моментов приоритет на новоизбраните членови на извршната власт се проектите и оти за одмор засега не […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Лекарите кои вршат трансплантации и персоналот кој им помага при истите ќе имаат посебен додаток од две празнични дневници, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневник 2 на МРТ1. – Тие ќе имаат посебен додаток и лекарите и персоналот. Лекарите, донаторите на органи и ткива, како и донаторите на крв ќе бидат доживотно ослободени од […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Во сите центри за јавно здравје во Македонија од денес првпат ќе функционираат советувалишта за откажување од пушење. Стручен и обучен кадар од доктор и медицинска сестра ќе одржуваат едукативни предавања во советувалиштата, а во зависност од околностите, предвидена е соработка и со други кадри, како психолог. Го најави министерот за здравство Никола Тодоров, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 21 до 33 степени. Во Скопје слично време со температура до 30 степени.
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 18:50
•
Posted by: MK News
Неколку тинејџери и едно мало дете кои седеа на северната трибина на концертот на Жељко Јоксимовиќ беа повредени кога врз нив паднаа делови од рефлектор, пишува Вест. На раскрвавените тинејџери веднаш им била укажана помош од медицински лица кои дежураа на стадионот Филип Втори. – Заедно бевме цело друштво и имавме карти за северна трибина. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Според тврдењето на туристичките власти во Грција најмногу пари во 2012 и 2013 им оставиле Македонците. Македонските туристи во Грција потрошиле ни повеќе ни помалку туку 550 милиони евра!!!! „Граѓаните на ФИРОМ од почетокот на 2012 година, во Грција вкупно потрошиле 550.000.000 евра и со тоа се најдобри туристи трошачи за таа година“ „Грчката туристичка […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Рајската градина со која Скопје ќе понуди нова туристичка атракција, ќе биде на површина од над 25 хектари. Паркот, кој ќе биде меѓу петте најубави во светот, ќе се гради во повеќе фази. во рајскиот парк слободно треба да шетаат голем број егзотични животни и птици. Исто така тој треба да има голф и тениски терени како […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Многумина пред да одат на одмор го купуваат најевтиното патничко осигурување, без да размислат што и како покрива, а што не покрива.Тие полиси не покриваат трошоци до 150 евра, па ако ве фати заб на пример кај грчки забар ќе треба да се плати околу 100 евра. Телеграф направи анализа на условите и цените на патничките осигурувања кои […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Со денешната просечната плата од околу 21 илјади денари може да се купат помалку производи отколку во 2009 година со 19 илјади денари. Просечната плата во Македонија изгубила 2.000 денари од својата вредност во изминатите пет години. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од март 2009 до март 2014 година номиналната плата се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Точно 25 жени и еден маж од Струмица во првите шест месеци од годинава пријавиле случаи на семејно насилство, инфоримираат од локалниот центар за пријавување семејно насилство. Според нив, трендот на семејно насилство во овој град оди во нагорна линија, бидејќи во 2013 година имале забележано само 37 случаи на семејно насилство. Од нив, 24 лица […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 31 степен. Следните денови времето ќе биде сончево и топло. Во вторник и четврток попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Значително топло ќе биде кон средината на следната седмица, особено во среда, кога се очекува температурата да […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Од денес пензионерите ќе можат да се возат бесплатно бо автобусите на ЈСП и во неела. Досега тие имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП во вторник, петок и во сабота, а Градот Скопје сега им овозможува да користат бесплатен автобуски превоз и во недела. Градот Скопје смета дека оваа можност ќе им […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2014 22:36
•
Posted by: MK News
Новинорот Антонио Крстевски од СИТЕЛ телевизија и новинарката Елена Бошковска од АЛФА денеска го кажаа судбоносното ДА. Новинарската свадба ја прават во ресторанот Журнал. Нека им е со среќа Foto – ZaSe.mk
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2014 19:52
•
Posted by: MK News
Проверката на податоците за загаденоста на воздухот во Македонија и во период на ветровито и дождливо време понекогаш дава изненадувачки податоци. Такво беше времето неделава, а навистина изненадувачки се податоците за присуството на ПМ10 честичките во воздухот во Битола. Од неделата до четвртокот, освен во вторникот, концентрацијата на овие опасни честички по здравјето на луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________