Archive | Свет RSS feed for this section

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев

Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи.Службата соопшти дека „се уште одредува колку луѓе загинале”. Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот. Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски сили.

______________________________________________________________________________________________________

Првите американски војници стигнаа во Летонија го јакнат источното крило на НАТО

Првите американски војници распоредени заради зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Летонија, јави ДПА. Четириесетина американски војници пристигнаа во Летонија од Италија рано изутринава, што е првата група од, како што се очекува, распоредување на повеќе од 300 војници, соопшти летонското Министерство за одбрана. Војниците, кои ќе бидат сместени во воената база Адази, […]

______________________________________________________________________________________________________

М.Одбрана на Украина објави слики од заробени руски војници, еден роден 2002

Фотографии од заробени руски војници на украинска територија на Твитер објави Министерство за одбрана на Украина. „Војниците на 93-та механизирана бригада заробија двајца руски окупатори. Tие беа од 423-от моторизиран пешадиски полк Јампол, воена единица 91701“, се вели во објавата покрај фотографиите. Информирајќи за ситуацијата во земјата, Министерството објави дека од 15:00 часот по локално […]

______________________________________________________________________________________________________

Руската армија го зазеде аеродромот „Антонов“, 17 км од Киев | ВИДЕО

Тоа се војниците што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот – вели новинарот на Си-Ен-Ен. Новинарите на Си-Ен-Ен јавија дека руските сили го зазеле аеродромот „Антонов“, што се наоѓа на 20 километри од Киев. BREAKING — Russian airborne troops have captured the Antonov airport near Kyiv, Ukraine: CNN […]

______________________________________________________________________________________________________

(Видео) Руски хеликоптери веќе стигнаа до Киев

Неколку експлозии се слушнаа во украинскиот главен град Киев, јавија западни медиуми. Експлозии се регистрирани и во украинскиот град Харков. Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери. Confirmed by Ukrainian authorities. A large air assault operation with Mi-8 helicopters on Antonov International Airport […]

______________________________________________________________________________________________________

Хаос во воздушниот сообраќај над Европа

Воената операција на Русија во Украина предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Европа. Украина го затвори својот воздушен простор за цивилни летови поради високиот ризик. Европскиот авијациски регулатор, исто така, предупреди на опасност во пограничните области на Русија и Белорусија. Белорусија затвора дел од својот воздушен простор за цивилни летови, соопшти военото министерство на земјата […]

______________________________________________________________________________________________________

НАТО за утре свика виртуелен самит за руската инвазија на Украина

НАТО в петок ќе одржи виртуелен самит за руската инвазија врз Украина, изјавија дипломати, додека Алијансата најави дека се преземаат „дополнителни чекори“ за заштита на земјите-членки. „Одлучивме, во согласност со нашето одбранбено планирање за заштита на сите сојузници, да преземеме дополнителни чекори за понатамошно зајакнување на одвраќањето и одбраната низ Алијансата. Нашите мерки се и […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Колони возила на излезот од Киев

Откако Русија ја започна инвазијата на Украина, многу жители на Киев одлучија да го напуштат главниот град. Додека детонациите и сирените одекнуваа низ градот, реки од автомобили со околу 2,8 милиони луѓе течат кон излезот на градот. Преполни се и железничките станици. Дури и Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, е снимен како заминува од […]

______________________________________________________________________________________________________

Украина: Загинати над 40 украински војници и 10 цивили

Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби“, изјави Арестович.

______________________________________________________________________________________________________

Зеленски: Путин се однесува како Хитлер Украинци земете оружје

Русија ја нападна Украина на „лукав начин“, однесувајќи се слично како Хитлер во Втората светска војна, рече украинскиот лидер Володимир Зеленски во телевизиско обраќање Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повикува сите граѓани со воено искуство „да се приклучат на одбраната на Украина“ и ги замолува луѓето да даруваат крв бидејќи има „ранети војници во болниците“. […]

______________________________________________________________________________________________________

НАТО на итен состанок поради нападот на Украина

Шефот на НАТО Алијансата ја осуди руската инвазија на Украина која започна ноќва и свика состанокот на сојузниците. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, најостро го осуди нападот врз Украина. -Повторно и покрај нашите постојани предупредувања и незаморни обиди да се ангажираме во дипломатија, Русија го избра патот на агресијата против суверена и независна земја, […]

______________________________________________________________________________________________________

Рубљата падна на најниско ниво во историјата

Руската централна банка ќе влезе на пазарот за да ја поддржи рубљата, соопшти во четвртокот, бидејќи валутата падна на историски минимум, пренесува Ројтерс. Дописникот од Москва, Пјотр Зауер, пишува дека местата за размена на готовина во руската престолнина престанале да тргуваат со рубљи за долари и евра. На популарното менувачко место на улицата „Тверскаја“, менаџерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мапа на сите руски напади во Украина

Во Украина се бомбардираат главно воени цели за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили. Нападот се одвива со сите воени средства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети, за да се отвори простор за копнена инвазија. Луѓето во Харкoв кој е исто така погоден од гранати, […]

______________________________________________________________________________________________________

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија. Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја. „Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија: Цел на нападите не се украинските градови и цивилите

Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите, пренесе новинската агенција РИА Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“. Штабот додаде дека нема слетувања на руски војници […]

______________________________________________________________________________________________________

Бајден: Путин избра војна која ќе биде со катастрофални загуби

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили. -Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин остро предупреди: Не се обидувајте да се мешате

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјално обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина. Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: Кој и да се обиде да не попречи, згора […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин: Само ќе ја демилитаризираме Украина, нема да ја освојуваме цела | ВИДЕО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „не планира да ги окупира украинските територии“ откако објави дека е почната специјална операција за одбрана на самопроласените народните републики Доњецк и Луганск од „украинската агресија“. Путин рече дека „само“ сака да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ својот сосед. Крајната цел на операцијата е „да се заштитат луѓето што […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1