Чарли Шин: Знам неколку холивудски ѕвезди кои се ХИВ позитивни


Актерот Чарли Шин неодамна во едно интервју откри многу интересни детали за познатите личности.

Имено, тој во своите анегдоти ги спомена Линдзи Лохан, Лејди Гага, но зборуваше и за ХИВ позитивните колеги.charlieSheen_1614083c

Тој откри дека Лејди Гага го барала да го снимат првиот 18+ видео клип за MTV. Таа, нејзината колешка Бритни Спирс и Линдзи Лохан требало да глумат стриптизерки. Гага рекла дека би се соблекла целосно и би играла во скут на маж единствено ако машката улога ја прифати Шин.

„Ќе бидам целосно гола. Дали си подготвен за тоа?“ – ме праша. Јас сум роден спремен – и реков тогаш“, проговори актерот за деталите од проектот кој никогаш не е реализиран.

На крајот на интервјуто актерот додаде дека знае уште неколку холивудски ѕвезди кои се ХИВ позитивни, но бидејќи тие не сакаат јавно да зборуваат за тоа, не сакал ни тој да откриe кои се тие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1