Чавушоглу: Турција нема да и се извини на Русија


Турција нема да и се извини на Русија поради соборувањето на рускиот воен авион, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

– Не треба да се извинуваме поради нешто за кое сме во право – истакна Чавушоглу.mevljut cavusoglu

Тој потсети дека Турција вчера изразила жалење поради инцидентот, објаснувајќи дека станува збор за телефонски разговор меѓу шефот на турската дипломатија и рускиот колега Сергеј Лавров.

Изјавата на Чавушоглу доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин нагласил дека Турција се уште не се извинила поради соборувањето на рускиот Су-24 пред два дена во близина на турско-сириската граница, ниту понудила гаранција дека „одговорните за ова злосторство“ ќе бидат казнети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1