Четири момчиња тешко повредени во нова стравична сообраќајка


Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера доцна попладне кај месноста Сепарација на патниот правец Дебар – Маврово, делница Долно Косоврасти – Бошков Мост, јавува Дневник.

soobrakj skopjeСпоред весникот, со тешки телесни повреди се здобиле се четири момчиња на возраст од 20 до 23 години сите од село Горно Косоврасти.

– Момчињата беа донесени во Општата болница во Дебар и по укажаната прва медицинска помош, едното од нив, кое е во тешка состојба е упатено на понатамошен третман на Клиника во Скопје, другото во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, додека двете се задржани на хируршкото одделение при нашата болница – изјави директорот на општата болница, Баки Халили за Дневник.

Според првичните сознанија момчињата се враќале од првомајски излет. Возилото во кое биле изгубило контрола и се превртило.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила во 18.45 часот, момчињата биле во возило “лендровер” со скопски регистарски таблички.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1