Четворица исчезнати за четири дена


Во полиција, вчера четворица граѓани пријавиле исчезнување на нивни членови од семејство.

Б.П. (73) од с.Црешево, скопско, пријавил дека на 4 август во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот 35-годишен син С.П.

Тетовец пријавил дека на 3 август околу 10 часот од дома излегла за да оди на пазар неговата сопруга и од тогаш е недостапна и на телефон.

К.Н. (38) од село Сопот пријавил дека на 8 август во 11 часот неговиот две години помлад брат тргнал со автобус за Кавадарци и не се вратил дома.

Скопјанец во полиција пријавил дека на 6 август од дома во 11 часот излегла неговата 28-годишна ќерка и не се вратила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1