Четврт случај на силување дете во Македонија за една недела: 10 годишно дете преживеало вистински хорор


СВР Велес денес поднесе кривична пријава против Е.З. (19) од село Мелница, Велешко, поради сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете.mvr policija veles mk

Според податоците коишто ги соопшти МВР, Е.З. на 27-ми овој месец околу 19 часот. во селото го пресретнал 10-годишното дете коешто се враќало од локалната продавница, а потоа го кренал во раце и го однел подалеку од домот каде што го силувал. Детето после немилиот настан заминало дома, но од срам не кажало никому ништо, додека пријавениот побегнал од местото на настанот.

Следниот ден мајката на детето забележала дека тоа е изнемоштено и дека не може да се движи после што детето раскажало за немилиот настан.

Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ “Општа болница” Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .

Пријавеното лице е приведено вчера во 06.30 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1