Чист пешкир-добро здравје. Како да ги одржувате пешкирите???


Лето е, па нормално е туширањето да биде почесто. Некогаш од хигиенски причини, некогаш чисто поради освежување. Како и да е, по секое туширање, начиот пешкир ни е при рака. Како ги одржуваме пешкирите?

Некои од нас веднаш по туширањето ги стааат за перење. Некои пак сметаат дека се чисти, поради тоа што и ние сме истуширани и чисти. Кој е во право? Пешкирите се вистински извор на бактери, затоа што на нив се задржуваат остатоци од мртвата кожа од нашето тело. Еве неколку совети, како да ги одржувате вашите пешкири.

1) редовно перете ги пешкирите. Особено ако спортувате или вежбате. Сепак, по третиот ден, препорачливо е да земете нов пешкир. Не дозволувајте пешкирот да стане добра подлога за развој на микроорганизмите

2) Внимавајте на бактериите. Ако некој во семејството е настинат, не смее никако да го споделува пешкирот со останатите членови. Препорачливо е да има секој свој пешкир, без разлика на употребата. Во случај на настинка, пешкирите перете ги почесто и на највисока температура. Тоа може да предизвика бледеење на бојата, па затоа се препорачуваат пешкири со посветли тонови.

3) Обавезно по туширањето исушете го пешкирот. Немојте да го оставате мокар во никаков случај. Обесете го некаде, не смее да биде оставен на некаква површина. Сепак, има случаи кога не може да го ставите да се суши веднаш (теретана, спортување, враќање од плажа). Тогаш во машината за перење ставете една чашка алкохолен оцет и една чашка амонијак (го убива лошиот мирис). Така ќе ги дезинфицирате пешкирите.

4) Пешкирите за раце треба да се перат почесто од оние за туширање. Малкумина го прават тоа. Сепак, пешкирите за раце се користат многу почесто, па дури се употребуваат за „забришување“ по миењето заби и за да се забрише и лицето. Важно е да биде чист пешкирот за раце, затоа најмалку 2 пати неделно е препорачливо да го менувате.

5) Пешкирот за лице мора да биде најчист од сите. На лице се препорачува да се става само чисто. А пешкирите за лице се користат понекогаш и за отстранување шминка или да се „забришеме“ доколку сме запотени. Се препорачува исклучиво чист пешкир за лице и најредовно перење

6) Пешкирите да се перат одвоено од крпите за домаќинство и долниот веш. Некој од бактериите што се задржуваат на долниот веш, а особено на крпите за домаќинство не умираат на температурата на која ги перете пешкирите. Не е препорачливо да се мешаат едни со други.

Tags: , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1