Чкембарите се судрија со полицјата, дел завршиле во болница


Дел од навивачката група на фудбалскиот клуб Пелистер, „Чкембари“ завршиле во болница по судирот кој што го имале со полицијата на денешниот натпревар со Вардар, пренесува МКД.МК. Судирот се случил на патот од Железничката станица до Арената „Филип Втори“.

Најпрвин битолчаните се нашле во конфликт со етнички Албанци во близина на трговскиот центар „Мавровка“, за потоа на интервенција на припадниците на Министерството за внатрешни работи, истите почнале да се пресметуваат и со органите за зачувување на јавниот ред и мир.

Нередите продолжиле и на Арената Филип Втори, каде што навивачите на Вардар, „Комитите“, се упатиле кон источната трибина каде што се наоѓале „Чкембарите“, но, за среќа до поголем инцидент не дошло.

Провокацијата како што пренесува МКД.МК ја започнал еден од резервните фудбалери на гостинскиот тим, откако спречил навивач на „Комитите“ да одземе знаме од противничката навивачка група. не изостанала ниту материјалната штета. Дел од новопоставената атлетска патека на стадионот беше уништена од запалените хартии кои што се фрлаа од страна на навивачите.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1