Членовите на ДИК ќе ги враќаат парите откако Бејли ги искара


Членовите на Државната изборна комисија, попладнево итно се собраа во просториите на институциијата, откако амбасадорот на САД, Џес Бејли обелодени дека токму тие, зад затворени врати си изгласеле дополнителни плати по завршувањето на парламетарните и локалните избори. Амасадорот Бејли посочи дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за 4 дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. А тие претходно дополнително добиле и плата за 5 месеци по изборите во 2016 година.

– Гласањето во комисијата било едногласно, сите партии и сите етникуми, а персоналот во комисијата добил помали бонуси. Но, имам прашања во врска со ова, ДИК е независно тело, можеби овој потег бил дури и легален. Но, гласањето се случило зад затворени врати. Што кажува ова за вредностите на самата организација. Каде беа свиркачите, истражувачките новинари или парламентарните тела за надзор?- изјави Бејли.

Откако амбасадорот Бејли јавно ја облодени информацијата, членовите на ДИК, велат дека тоа било законска одлука, сепак, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски посочува дека веќе донеле предлог одлука, да ја повлечат одлуката за дополнителни плати. Конечната одлука, ќе ја носат на утрешната седница, што вонредно ја договорија.

Освен отвореното прашање за дополнителната плата што си ја изгласале зад затворнеи врати, ДИК веќе неколку месеци го крие и сумите исплатени за патни трошоици.

Дополнително, членовите на Државната изборна комисја, на барањето на невладината органзација ЦИВИЛ, да кажат колку пари потрошија за службените телефони кои ги набавиле, прашање што исто така беше поставено согласно законот за пристап до информации од јавен карактер, одбија да одговарат со образложение дека тие податоци не биле од јавен карактер што дополнително го отвара прашањето, за транспарентноста на институцијата, особоено во трошењето на парите на граѓаните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1