Членовите на ДИК си доделиле 3 плати и за изборите што беа одложени


Почна јавната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која како втора точка на дневен ред е дали и како членовите можат да ги вратат исплатените плати како бонуси.

Претседателот на Комисијата Александар Чичаковски, претходно на брифинг со новинарите посочи дека ако нема таква можност тој ќе ги донира парите.

Како што е познато, членовите на ДИК ја искористиле законската можност и донеле одлука да си исплатат бонуси на себе, но и на другите вработени и ангажирани лица во ДИК. Тие си исплатиле вкупно 12 плати. Четири за локалните избори во октомври годинава, пет за предвремените парламентарни избори во декември лани, како и три за изборите кои беа закажани во април 2016, а потоа беа одложени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1