Дачиќ им пуштил вондредна контрола на српските амбасадори


Екипа на Министерството за надворешни работи на Србија задолжена за надзор на работата на амбасадите и конзулатите во светот, започна со вонреден надзор на работата во дипломатско-конзуларните претставништва, пишува „Вечерњи новости“.

„Контролорите“ до сега ненајавено ги посетиле амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.

Екипата подготвува детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Како што пишува „Новости“, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, додека, пак, таму каде што надзорот ќе покаже дека „се е под конец“ ќе следат награди за амбасадорите.

Според весникот, се проверува се – од финансиите до безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништа, како и нивото на комуникации кои ги остваруваат со останатите земји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1