Дали сите цивилизации потекнуваат од оваа планета?


Современата наука откри дека на работ на нашиот Сончев систем се наоѓа уште една непозната планета. Станува збор за планета со голема маса, најверојатно и до пет пати поголема од масата на Земјата. Засега нема точни податоци за оддалеченоста на оваа планета, но се верува дека таа се наоѓа на половина светлосна година до Сонцето.nibiru_patekaa

Главна специфика на оваа планета е тоа што се движи по елиптична патека и во спротивен правец од сите останати планети. Во последните неколку години, се повеќе се шпекулира дека на оваа таинствена планета има живот. Освен тоа, постојат неколку верзии во најновите истражувања, чиишто резултати ги поткрепуваат тврдењата дека не се работи за обична планета туку за вселенски брод кој е опремен за галактички патувања.

Планетата Нибиру се нарекува и Планета X, Темна ѕвезда, Кафеаво џуџе. Според некои тоа е 10-тата планета во нашиот Сончев систем иако таа не припаѓа тука.nibiru_sumr-300x181

Нибиру е и до пет пати поголема од Земјата и кружи по елиптична патека во рамки на Млечниот пат, а во нашиот сончев систем влегува на секои 3 600 години. Поради тоа, некои научници ја присвоија оваа планета и ја сместија во планетите што кружат околу Сонцето.

Според некои автори, Нибиру и припаѓа на т.н. Галактичка федерација на нашата галаксија, која се вика Млечен пат, како и нејзината главна ѕвезда. Поради нејзината способност да преминува огромни растојанија и на тој начин да допира голем број подрачја во галаксијата, Нибиру ја сметаат за расадник на цивилизациите. Некои се прашуваат, ако Нибиру е само една станица од федерациите, тогаш каде се наоѓа почетната точка?

Инаку досега во голем број археолошки ископувања, научниците пронашле цртежи за кои се верува дека ја отсликуваат планетата Нибиру и симнувањето на непознатата цивилизација на Земјата. Се верува дека Сумерците уште пред 6 000 години знаеле за оваа планета и дека нивните сознанија за оваа планета ги запишувале на глинени плочки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1