Дали вашето домашно милениче може да предвиди земјотрес?


Се вели дека земјотресот е природна катастрофа која не може да се предвиди. Меѓутоа постојат приказни дека животните се однесуваат чудно пред земјотрес.kuce dete

Научниците кои го истражуваат однесувањето на животните особено внимавале на оние кои живеат во сеизмичките активни делови на светот и утврдиле дека животните денови, па и недели пред земјотресот го менуваат своето однесување.

Двајца американски научници тврдат дека животните можат да претчуствуваат земјотрес со јачина од 3,5 до 5 степени според Рихтеровата скала, а процентот на сигурност е околу 80 проценти. Своето истражување го поткрепија и податоците од 1983 до 1985 година во пределот на заливот Сан Хозе, неколку дена пред земјотрес. Во локалната листа постои рубрика на изгубени и најдени миленичиња и токму таму е пријавен голем број животни кои избегале од своите сопственици.

Вибрациите кои ги има земјата можат да ги почуствуваат животните, како што се слепите глувци, некои инсекти кои се чувствителни на брановите на одредена фрекфенција на која и претходи земјотрес.

Научниците можат да се согласат за четири постоечки претпоставки:

1. Животните можат да слушнат звук на одредена фрекфенција која и претходи на главниот удар.

2. Може да ги вознемири зголемена концентрација гасови кои на површина излегуваат пред поместување на земјата.

3. Реакцијата на животните , па и на домашните миленици, чудното однесување на другите животни кои ги напуштаат засолништата без страв од оние кои можат да им наштетат.

Уште една теорија во последно време стана интересна, а се однесува на сетилото кои рибите и птиците ги имаат и им помага да се ориентираат пред земјотрес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1