Дали вчера бевте нервозни, со црни мисли и се каравте? – Еве зошто


Познато е дека Месечината влијае на умот. За време на полната Месечина влијанието е поголемо. Ова влијание е уште понагласено кога доаѓа до помрачување на Месечината. Според тоа комбинацијата на помрачување и полна Месечина е многу сериозна. Меѓутоа, тоа се случува на суптилно ниво, те. луѓето страдаат поради негативните енергии.

mesecina zatemnuvanje krvavaДоаѓа до општо опаѓање на способноста за донесување одлуки и поголема е веројатноста дека луѓето ќе донесат погрешни одлуки, затоа што интелектот е под влијание на негативните енергии. Затемнувањето на месечината ќе донесе ненадејни издигнувања и падови во расположението, како и удари на свеста. Промените за кои станува збор ќе влијаат претежно на личните односи: љубовта, семејството, пријателствата.

Не си дозволувајте размислување на темата „Колку е неправеден животот кон мене!”

Кога Месечината на небото е со полн сјај, тогаш највеќе влијае на психичката состојба – тогаш можат да почувствуваат зголемена емотивност, нервна напнатост, неконтролирани реакции, склоност кон депресија, меланхолично расположение или претерана агресивност. Тешко луѓето тешко ги контролираат чувствата, емотивните реакции се прејаки, ранливи се, лесно можат да се вознемират и бурно да реагираат и за најмала ситница. Месечината влијае врз течностите во телото на жената, менструалниот циклус, бременоста, раѓањето на деца, менопауза и психичка смрт. За време на полна Месечина забележан е и зголемен број на породувања во здравствените установи.

zatemnuvanje na soncetoНо сепак, обидете се таа ноќ побрзо да заспиете за да не дојдете во конфликт со блиската личност, бидејќи доброто расположение таа ноќ знае да попушти, но не во онаа мера како што е погоре споменато. Дури и во некои психијатриски болници се воведува посебен систем на нега кога се знае дека ноќта ќе има полна Месечина.

Познато е дека месечарите во фаза на полна месечина одат во сонот, раните појако крварат, а лековитите билки кои се собрани во тој период имаат најјако дејство. На денот на полна месечина и три дена пред тоа, не е добро да се примаат вакцини, а овој период е лош и за заздравување после операциониот зафат. Досега е забележано во здравствените и психијатриските установи, како и во полициските извештаи, па дури спроведени се и голем број на истражувања кои само ги потврдувале промените и различните однесувања кај луѓето за време на полна месечина. Значајни се и статистичките податоци кои јасно говорат за зголемениот број на насилни случаи и различните облици на криминални активности за време на овој период. Истражувачите немаат научно објаснување за ваквата појава. Податоците исто така покажуваат и на значајно зголемениот број на луѓе кои што биле нападнати од животни исто за време на полна месечина.

PomrachuvanjeПознато е и дека Месечината заедно со Сонцето ја предизвикуваат плимата и осеката, во морињата и океаните, го подигаат и спуштаат нивото на водата. Исто така Месечината делува и на крвотокот, концентрацијата и нивото на вода или течности во организмот на човекот, како и на психичката и душевната состојба кај човекот, посебно на неговиот сон и на неговата неврофизиолошка структура. Месечината управува и со подземните удари (поместувањата), временските услови и репродуктивниот циклус на сите организми на Земјата, влијае врз нивниот раст и развој.

Во текот на изминатите децении, се објавени многу научни истражувања, кои зборуваат во прилог на влијанието на Месечината на човечкото однесување и против него. Истражувањата ги имаат анализирано зголемената активност на умот, зголемените посети на општите или психијатриските медицински установи и поплаки на луѓето за зачестените физички и психички проблеми.

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го истражи влијанието на Месечината врз човечкото однесување со употреба на истражувачки методи засновани на духовната наука.

Студија спроведена во една австралиска болница покажала дека месечевите мени влијаат на однесувањето на агресивните пациенти, кои за време на полната месечина се однесувале како ѕверови. Некои луѓе стануваат поагресивни за време на полната месечина, а нивното однесување би можело да се спореди со однесувањето кое се припишува на врколаците.

pomracuvanje1Студијата спроведена во болницата Калвари Матер Њукесл, покажала дека во болницата е примен 91 пациент со насилно, акутно пореметување кое се манифестира со однесување кое може да се спореди со она кај врколаците. Четврина од нив се примени во болница за време на полната месечина, што е двојно повеќе отколку за време на другите месечеви фази, тврди Леони Калвер, медицинска сестра на одделот за токсикологија.
– Некои од овие пациенти го напаѓале персоналот како животни, гризли, плукале и гребеле, вели таа. На пациентите морале да им дадат седативи и да ги врзат за да се заштитат, напиша Калвер во својот извештај за „Медикал Џурнал оф Аустралија“ (Medical Journal of Australia).

Некои тврдат дека штом Месечината влијае врз плимата и осеката, тогаш таа мора да влијае и врз луѓето, бидејќи 80 проценти од човечкото тело се вода. А што е со наводната врска помеѓу Месечевите мени и душевните растројства, времето на раѓање, па дури и менструалниот циклус, кој трае приближно колку еден лунарен месец?

Спроведени се истражувања на полето на психијатријата, психологијата и гинекологијата за да се дојде до вистината за овие работи. Некои истражувачи тврдат дека нашле слаба поврзаност помеѓу човечките активности и лунарниот ритам, но други одлучно тврдат дека не постои никаква врска.

Што не треба да правиме

  • Немојте да планирате важни работи:  препорачливо да се избегнуваат важните настани како што е започнувањето на работи, свечени отварања, важни деловни договори итн. за време на помрачувањето.
  • Намалување на раѓа-тама активностите: Избегнување на активностите како што се спиењето, одење во тоалет, сексуални односи, или конзумирање на храна, затоа што во тие акции преовладува раѓа-тама и тие не прават уште поранливи за влијанието на суптилните тела на преминатите предци и духовите.
  • Избегнувајте да јадете: Зголемувањето на суптилната основна раѓа-тама компонента во атмосферата во периодот на помрачувањето влијае на храната и процесот на варење. Затоа е препорачливо да не земаме храна во текот на периодот на помрачување. Траењето на периодот кога треба да ја избегнуваме храната зависи од видот на помрачувањето
    Потполно помрачување 12 часа пред почетокот на помрачувањето
    Ако е покриено ¾ 9 часа
    Ако е покриено ½ 6 часа
    Ако е покриено ¼ 3 часа

Ака за времето на изгревањето на Месечината таа ќе биде потполно помрачена, тогаш не треба да се зема храма предходните 12 часа. Ако Сонцето и Месечината се помрачени, треба да се јаде дури после следниот ден после бањањето. Децата, старите лице и болните можат да ги спроведат овие мерки во траење од само 4  часа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1