Дали знаеме кои сме – која е Македонија?


Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, снимаме скапи спотови а всушност не е до рекламата туку морам да забележам ние Македонците не сме баш добри домаќини. Зошто?
Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија,  имате два или три одговори: Охрид, Маврово. Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете???
Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив. Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае.
macedonia-e1345671388836
Колкумина од вас биле на беровско или дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз?
Еве еден пример,  најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.lesnovski manastirКолку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија,  некои познати, но за некои малкумина знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам?.
Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.

alsar

Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости.
Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
Најскапата колекција монети која е продадена е од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кои биле украдени од Македонија, а продадени на аукција во големата “Сотби” аукциска куќа.
– Најславниот од сите римски патишта во најтешкиот свој дел врви низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”.
Пештерата Пешна во Македонски Брод во “Њујорк тајмс” е опишана како идентична на измислените пештери во филмот “Господарот на прстените”.
– Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со14 морфиски единици. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а колумбискиот со околу 3, 5.
r154804_557487
– Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.
– Освен Мајка Тереза која е родена во Скопје, друга позната личност која живеела и се школувала во Македонија е и таткото на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк и неговата вечна љубов Битола.
– За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
grobot zorba– Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот “Гркот Зорба” живеел во Скопје имал жена и деца, а во 1942 починал тука.
Најпознатата песна за Палестина е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напишал песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објавил во весникот “Нова Македонија” и денес истата е своевидна химна на Арапскиот свет.
Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија – Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I.
Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.
– Музиката во Македонија датира од 11 век.  БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан на кирилица во селото Равен Охридско, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
cinarot Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски во 9 век.
Во манастирот “Св. Ѓорѓија Победоносец” се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа – Охридското езеро е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години  во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.
– 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.
– Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки во 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

macedonia_manaki_brothers

Првата црква, првата покрстена во Европа – Македонката Лидија. 
50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – ” пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !
Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.- Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.
TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTON– Еден од преживеаните од бродот Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора.

– Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.

Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
lesnovski manastir
Првите карпести гравири создадени во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја….Според  наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.macedonia_kokino– Според НАСА,  Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.
Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..Како што велеше една кратка кампања на невладиниот сектор.. запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш… !!!!!
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

8 Responses to “Дали знаеме кои сме – која е Македонија?”

  1. janakievska gordana #

    VERUVALE ILI NE no jas sum avtor na seto ova sto ste go objavile

    26/05/2013 09:26 at 09:26 Reply
  2. На прекрасната објава би додал А ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ОД РАЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ И ДРУГИ ПРИЧИНИ ДА ПОЈДАТ ВО ЖИВО ДА ГИ ВИДАТ УБАВИНИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И ДА УЖИВААТ ВО НИВ, ТОА МОЖАТ ДА ГО СТОРАТ ПРЕКУ РАЗНИТЕ ВЕБ СТРАНИ И РЕКЛАМИ, КАКО ШТО Е И СТРАНАТА http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/

    07/12/2013 21:20 at 21:20 Reply
  3. Саздо Савов #

    Ах бре милички, Јас сум Хоанѓанец со сите нишани, веќе 11 години, а во Холандија живеам скоро 30. Тоа што си го сакаме ние си го сакаме оти е наше. НИЕДЕН Холанѓанец нема да го сака Маврово или Берово како нас. Има низ Европа, особено низ светот, ДАЛЕКУ, повторувам ДАЛЕКУ поубави и поважни работи од тие кај нас. НЕМА, и пак НЕМА да заработи Македонија од туризам. Не им е во крвта на тоа на Македонците. НЕ ЗНААТ да заработат од гостин или посетител. Предавам антропологија во Еразмус и имам 4 доктората. ОСвен 2-3 земји ги имам посетено сите држави на светот и службено и приватно. Жена ми е од друга раса и од друг континент а мајчин јазик и` е холандски. Што таа би видела и што би почувствувала за Македонија, јас само си знам. Исто како да одведете Македонец на Св. Елена островот. Само ќе изеде многу пат и толку. Ај во Македонија барем може чоек да се најаде како ретко каде. Ама ако поседи 10 дена ќе се врати со 15 кила поише. Ни тоа не е за аирлија. Да има универзитет за зезнување на својот близок ЕЕЕЕ тука сте најдобри во светот. Тоа со козата и со комшијата мислам дека е најсилно во Македонија, не во целата,туку само таму кадешто има такви коишто самите се викаат Македонци, а не се осеќаат Грци, Бугари или Срби или друго. Многу лош народ во суштина. Плаче дека бил под ропство не ради поробувачите, туку исклучиво зашто тој немало кого да поробува. Затоа сега самиот се поробил. Најтешко ропство е сега. Македонец со Македонец војна би водел со мерак.Многу бидете поздравени. Не би потрошил никој од север, некои големи пари да го види Берово, а пред тоа да помине низ Германија, Швајцарија, Словенија или Северна Италија, можеби Унгарија, ХРватска, Србија и да остане во Берово?! – Апсурд.

    27/11/2016 18:22 at 18:22 Reply
    • Slavco Jovanov #

      Четирикратен докторе,што точно ти значи,цитирам(Тоа со козата и со комшијата мислам дека е најсилно во Македонија, не во целата,туку само таму кадешто има такви коишто самите се викаат Македонци, а не се осеќаат Грци, Бугари или Срби или друго. Многу лош народ во суштина)

      27/12/2016 22:41 at 22:41 Reply
    • Joti Popovski #

      Taka e. Zar nema vo vasite naj razvieni zemji kozi koi mu crknuvata na komsijata? Proverete. Jas najdov no taka se maskirani duri so cvekinja sto nie ne gi prepoznavame. Vo Dubai mi bese kazano deka naj golem hostapler e germanecot Robert koj sakase da go kupi mojot patent so….arapski pari.Vi se veruva? Imam dokumenti. A, nie mislime deka nasiot komsija e naj golem ….hostapler. Ne. Nie, makedoncite gi primame tie raboti od zapadnite naj razvieni zemji a ne sme svesni. Pozdrav.

      02/03/2018 09:06 at 09:06 Reply
  4. Македонец од предавниците #

    Како секаде во светот ДРЖАВАТА субвенционире туристички програми за посета на овие места и за домашни и за странски туристи…ако немате автомобил или прилика друга, нема никаква можност да ги посетите…а се субвенционира се и сешто
    Одличен напис, патем сум ги посетил многупати овие места

    02/12/2016 11:52 at 11:52 Reply
  5. Joti Popovski #

    Taka e ! Znaci ima i Makedonci ….vo Makedonija. Odlicno
    Bi trebalo da imameme poveke poverenje vo sebe i da ne cekame od…slovencite, anglicanite i amerikancite da ni kazat sto da pravime ili da otkrivame novi nesta.
    Pozdrav i cestitam Egeecu !

    04/12/2016 10:56 at 10:56 Reply

Остави коментар за Aco braniteli

UA-33057274-1