Дали знаете која е првата македонска веб страница?


Според дигиталната интернет архива на Wayback Machine, најстар зачуван веб-простор на македонски јазик е корпоративниот сајт на некогашните „Македонски пошти и телекомуникации“ (МПТ). Токму на овој сајт може да се најдат прилично ретки и интересни информации околу Интернетот во Македонија.internet333

Основа за развојот на Интернетот кај нас, како и на други комуникациски сервиси претставува Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети (МАКПАК), изградена токму од МПТ (претходно позната како ПТТ Македонија) и која овозможувала поврзување на компјутерска и терминалска опрема. МАКПАК бил изграден со мрежниот систем за поврзување DPN-100 на Northern Telecom (Nortel Networks), како и Motorola Codex модемите. Поддржувал повеќе протоколи, како ITU-T, IBM, API и T3 POS. Некои од сервисите кои ги овозможувал вклучувале бази на податоци, виртуелни приватни мрежи, клиент-сервер системи, верификација на кредитни картички, Интернет сервиси и слични, а кои се од големо значење за бизнис клиентите.

Гледајќи ги ефектите во светски рамки како последица на развојот на Интернетот во почетокот на 90-тите, ПТТ Македонија во почетокот на 1995-та одлучила да го преземе чекорот за поврзување на Интернет, со што ги започнала соодветните подготовки. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, официјално комерцијалниот Интернет во Македонија преку dial-up пристап започнал на 7-ми декември 1995-та. Околу опремата за поврзување, ПТТ Македонија користела рутери од Cisco Systems, серверска опрема од Digital Equipment Corporation, модеми од Motorola и конверторски уреди од RAD Data Communications.

Интернетот во тој период генерално се користи од македонските јавни и образовни институции, за со комерцијализацијата да се приклучат и првите фирми кои нуделе Интернет услуги, како и поголемите компании. Околу почетокот на новиот милениум, се појавуваат и првите македонски комерцијални портали, со што се создаваат услови за развој на интернет маркетингот и кај нас.

Прочитајте повеќе за историјата на македонскиот интернет на ОВОЈ ЛИНК

Извор: MKHOST

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1