Дарко Димовски нов претседател на ССМ


В.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран преку јавно гласање со мнозинство гласови.

Претходно дел од синдикатите ја напуштија седницата, а кандидатот за претседател Пецо Грујовски од УПОЗ изјави дека се работи за најконтроверзниот конгрес.

– Во оваа прилика немам што да изјавам освен дека изгуби Сојузот на синдикати на Македонија и работници, изјави Грујовски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1