Дастин Хофман обвинет за сексуално вознемирување


Писателката Ана Грем Хантер, го обвинила Дастин Хофман дека сексуално ја вознемирувал во 1985-тата година, на снимањето на телевискиот филм “Death of a Salesman”, кога имала само 17 години.

Во колумната во “The Hollywood Reporter”, Хантер приложила писма до нејзината сестра од таа година, во кои ги опишувала нападите на Хофман и дополнително опишала што сè славниот актер и правел, а прокоментирала и како нејзината перцепција за настаните се променила во текот на годините.

“Отворено флертуваше”, напишала Хантер, која била асистент на сетот. “Ме фати за задникот, ми зборуваше за секс со мене. Едно утро отидов во гардеробата да го прашам што сака за појадок, ме погледна и долго молчеше. Тогаш кажа: Сакам тврдо варено јајце…и меко варен клиторис”. Неговиот тим почна да се смее. Излегов без текст. Отидов во тоалетот и плачев”.

Во писмата до својата сестра опишала и други инциденти. Навела дека Хофман “ја допрел за задникот четири пати”, додека одела со него до неговата лимузина. Додала и дека инсистирал да му ги измасира стапалата на нејзиниот прв ден на сетот и ја прашал дали имала секс за време на викендот. Хантер додала дека нејзиниот шеф – чие име е променето – рекол дека “жртвувал некои од своите животни вредности за филмската продукција”.

“На 49 години, сфаќам дека тоа што Дастин Хофман го правеше е пример за однесување какво жените морале да трпат во Холивуд и на други места. Беше предатор, јас бев дете, а тоа беше сексуален напад”, напишала Хантер.

“Имам огромно почитување кон жените и се чувствувам ужасно ако сум направил нешто што ја довело во непријатна ситуација. Жал ми е. Тоа не ме претставува како личност”, рекол Хофман во изјавата за “Hollywood Reporter”.

Обвиненијата против Хофман се само последни во низата, бидејќи последните неколку недели за слични работи биле обвинети голем број на моќници од Холивуд – Харви Вајнштајн, Џејмс Тобак, Кевин Спејси, Брет Ратнер и други.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1