Дебелината опасност за повторно појавување рак на дојка?


Вишокот на килограми ја зголемува опасноста за развој на ракот на дојката откако веќе еднаш бил излечен покажуваат последните резултати од истражувањето кое биле објавени во магазинот „BCRT“ (Breast Cancer Research and Treatment).

Според истражувачите дебелите жени со индекс на телесна маса меѓу 30 и 35 за време на првото дијагностицирање на рак на дојката се поподложни за 40 проценти од послабите жени. Кај нив опасноста за развој на рак на матката се зголемува за 96 проценти, а за рак на дебелото црево за 89 проценти, пренесуваат француските медиуми.

Во истражувањето на крајот изрично се апелира за намалување на прекумерната тежина кај жените кои некогаш биле заболени од оваа болест.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1