Дел од Влае денес без струја


Дел од корисниците лоцирани на улиците „Кленоец“, „Владимир Каваев“ и „Пресека“ во населбата Влае утре од 08:30 до 15:30 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во временскиот период од 09 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Воин Драшковиќ“ и „Лихнида“ во населбата Ѓорче Петров.

Од 09 до 15 часот без струја ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Патрис Лумумба“, „Морава“, „Брсјачка Буна“ и „Гвадалахара“ во населбата Шуто Оризари и дел од корисниците во село Орман, лоцирани околу железничката пруга во селото.

Без струја од 08:30 до 17:30 часот ќе останат корисниците во населбата Теферич и дел од корисниците лоцирани на улица „Христо Татарчев“, подулица бр.1, во населба Припор и село Сопиште, во околината на објектот Давидоф.

Во период од 09 до 14 часот, парцијално, во времетраење од по два часа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „4“ и „6“ во село Студеничани.

овие прекини се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реоните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1