Деми Мур го вовела Бред Пит во мистичен култ


За холивудскиот актер Бред Пит, кој се разведе од долгогодишната партнерка Анџелина Џоли, со која има шест деца, изминатата година беше премногу тешка. Сите животни неволи што Бред Пит во последните години го затекнаа, актерот го доведоа до работ, барем така пишува порталот „Радар онлајн“.

Помош
Очаен и осамен, го допрел дното, па актерот побарал помош од пријателката и колешка Деми Мур, која го уверила дека доколку се приклучи кон контроверзниот култ кабала (кој се базира на тајновити и мистериозни пораки), ќе му биде подобро.
Бред побарал помош откако се разделил од Анџелина и шесте деца, а Деми Мур му излегла во пресрет.

– Бараше нешто што ќе може да му го крене духот. Деми го советуваше да се приклучи кон кабала – откри извор близок до актерот.

Имено, проучувањето на кабалата ги спои Деми и Бред, кои, како што тврдат блиски извори, се поблиски од кога и да било.

– Не е тајна дека Деми би сакала да се случи нешто повеќе. Сега кога Бред е конечно слободен, можеби и ќе се случи – рекол извор за „Радар онлајн“.

Следбеници
Најпопуларната поп-икона Мадона почна да пее во чест на кабалата уште пред речиси 20 години на албумот „Зраци на светлината“, тврдејќи дека токму тој проект ѝ помогнал да достигне духовно чистење.

Пред неколку години и Деми Мур изјави за модниот магазин „Вог“ дека кабалата помага некој да ја открие „вредноста на своето значење“.

Комичарката Розен Бар е убедена дека тоа е сила што стои над нејзиното сопствено спознавање. Таа своевремено изјавила дека кабалата и помогнале повторно да го изгради целото свое суштество, начинот на размислување, начинот на сето она што го прави.

Листата на славните личности што ја фалат кабалата или се спомнувани како нејзини следбеници е мошне долга. Меѓу нив се Ештон Качер, Џеф Голдбрум, Гај Ричи, Роб Лоу, па дури и пејачката Бритни Спирс наводно се приклучила на кабалата.
Кабала центрите се наоѓаат на повеќе од 100 локации ширум светот и им донесуваат на своите студенти учење на кабалата, 4.000 години старо духовно движење чии корени се во еврејскиот мистицизам.

Движењето е тоа што се концентрира на изучување на книгата „Зохар“, толкување на Стариот завет на Библијата, која во центрите се нарекува и Светиот грал.
Некои критичари одат толку далеку така што тие центри ги нарекуваат култ или секта. Тие велат дека култот се темели врз темна магија и други бизарни постапки што имаат цел да ги избркаат духовите и психичките напади.

Фасцинација
Затоа, во што се состои фасцинацијата на кабалата кај славните личности? Во намалувањето на нивното его, начинот да ја пронајдат целта и смислата на животот, причината да веруваат во нешто поголемо од самите себе, начин да се намали хаосот во светот или во нечиј личен живот? Изгледа сето наведено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1