Денес е најсреќниот вторник во годината- Замислете желба, но никако не перете машка облека


Поголемиот број христијани Велигден го празнуваат три дена. Тоа значи дека и денес продолжуваат гозбите и веселбите, на кои учествуваат роднините, кумовите и пријателите.isus1

Во Водената седмица, како што се нарекува првата недела по Велигден, особено се признаваат, и по важност се издвојуваат Водениот вторник и Водената сабота.

Според старо народно верување, вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој. Кај луѓето, Светлиот или Водениот вторник се смета за посебен ден, а благодетот од овој ден се пренесува на сопружниците и новооснованите семејства.

Поради тоа, баш на овој ден на многу места се одржуваат свадби. Исто така, ако дете се роди на овој ден ќе има голема среќа во животот.

Се верува дека на овој ден не е добро да се пере, готви, шие, закрпува, особено не машка облека, или облека на момче кое оди во војска.

На овој дене добро да се оди на пат. Доколку одите на пат замислете желба и таа ќе се оствари, а на патот ќе ве следи среќа.

Во Шумадија се празнува три вакви вторници, едниот е сега, вториот е после Ѓурѓовден и еден после Светата Тројца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1