Денес е Огнена Марија: Ако на денешен ден грми тоа е лош знак – еве што значи


Огнена Марија , освен православните , ја почитуваат и католиците и муслиманите, па затоа внимавајте што ќе работите денес зошто може да ви се случи нешто лошо.Денот кога се празнува света Марина, или кај народот по позната како Огнена Марија е посебно почитуван празник од страна на жени, па поради тоа не се работи ништо, посебно не на поле и не се шие. Во црквен каленар празникот не е обележан со црвени букви но сепак жените посебно имаат страхопочит кон празникот.

Според народните верување Огнена Марија казнува со оган исто како и Свети Илија.Во народните верувања, луѓето се плашеле дека поради грев може да им се запали житото.

Ако на денешен ден грми,тогаш е лош знак, тоа значи дека е годината ќе биде сушна а старите велат дека укажува на болест и сиромаштија.

На овој ден не се работи ништо , зошто луѓето порано верувале дека ако работат и погрешат нешто може како казна да им се запали житото и куќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1