Денес земјата ќе ја погоди силна сончева бура – Ќе „удри“ на комуникациите


Силна соларна бура се приближува кон Земјата и се очекува денес да ја погоди, пишува Раша тудеј.

Бурата патува со брзина од 4 милиони километри на час, па, според тоа, до Земјата би стигнала денес во раните утрински часови. За наша среќа најсилниот удар се очекува северно на Земјата, со што нема да остави големи последици по живите суштества на Земјата, но може да ни смета во нормалниот живот, да предизвика прекин во комуникацијата.

sonce

Научниците велат дека ќе дојде до флуктуација во енергетската мрежа, бидејќи бурата ќе влијае на неговото магнетско поле. Исто така велат дека членовите на Меѓународната вселенска станица се безбедни.

Фреквенцијата и интензитетот на соларната ракети зависи од фазата на 11-годишен сончев циклус.

Моќна соларна бура еруптирала на делот од Сонцето што е свртен кон Земјата. Короналната маса што при тоа била исфрлена се очекува да стигне до нашата планета, најверојатно предизвикувајќи пречки во комуникациите и енергетските мрежи, пренесува Раша тудеј.

Експлозијата на Сонцето се случила во средата и според силината припаѓа на класата екстремни соларни експлозии. Експлозијата била активирана на сончевата дамка наречена Активен регион 2158 и била снимена со камерите на сондата Опсерваторија на соларната динамика на НАСА.

Експлозијата била проследена со испуштање супержешка плазма, односно коронална маса. облакот се очекува да стигне до Земјата но за среќа, поголем дел ќе мине северно од Земјата, предизвикувајќи релативно слаба соларна бура. Може да се појават пречки во струјните мрежи, бидејќи плазмата ќе влијае врз магнетното поле на Земјата, но не претставува опасност за луѓето на Земјата или за екипажот на Меѓународната вселенска станица.

Добрата страна е што вселенската појава може да предизвика живописна поларна светлина, или аурора бореалис, и тоа во региони што се доволно многу оддалечени од Северниот пол за да се формира такво нешто, што е добра вест за ентузијастите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1