Денеска е Ден на швалерите, празник што го слават во тајност љубовниците


Денеска е ден на швалерите. Дали во вашиот живот постои личност со која имате тајна врска, надвор од бракот. Ако е така, денеска ви е празник.ljubavnici-svaler

Денот на вљубените се одбележува на 14. февруари, е резервиран за „постојаните“ романтични партнери и тој датум секаде во светот, редно е да се помине и прослави со саканата личност со која сте во постојана врска или брак. Некој убав подарок секогаш е добро изненадување.

Меѓутоа, за многи луѓе тоа ќе биде само реприза на романтичните моменти поминати 24 часа претходно со љубовникот или љубовницата. Ден пред тоа, денеска, на 13. февруари се одбележува „Денот на љубовниците“, кога повеќето неверни мажи и жени ја прославуваат својата забранета врска или подобро кажано секс – афера.

Како што покажува истражувањето на популарниот сајт за вонбрачни врски “Gleeden”, 52 отсто од прељубниците го прославува 13 февруари, кој во Америка се нарекува „Денот на љубовницата“, а притоа „другата жена“ или „другиот маж“ добиваат скапи или безобразни подароци од постојаните партнери.

Пет отсто изјавиле дека Свети Валентин ќе го прослават во друштво на својата тајна љубов ден подоцна, односно на 15. февруари, а дури 12 отсто од прељубниците со љубовникот или љубовницата ќе го прослават и самиот Ден на вљубените, 14. февруари и тоа на јавно место, во ресторан на пример.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1