Денеска e празник посветен на Богородица, ова треба да го направите за здравје


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јули.

Денеска е Полагање на ризата на Богородица во Влахерна.

Црквата денес се сеќава на двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, кои живееја во петтиот век, во времето на императорот Лав Велики. Во една прилика тие тргнаа на поклоничко патување по Палестина. Во градот Назарет ја најдоа горната облека на Пресвета Богородица, што ја чуваше некоја правоверна Еврејка. Многумина се исцелуваа само со допир до облеката. Галвиј и Кандид ја зедоа ризата на Богородица и ја донесоа во Цариград, каде истата со голема свеченост беше положена во Влахернската црква.

Како и на секој празник, верниците треба да одат во црква и да се помолат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1