Денеска го славиме Светецот чие пророштво се уште не е исполнето


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јануари.

Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј.

Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа. Легендата кажува дека овој пророк, 500 години пред доаѓањето на Исус, го предвидел доаѓањето на Јован Крстител.

Сепак, најпознатото пророштво на светиот Милахиј е тоа за страшниот суд – казна која ќе ги снајде сите оние кои нема да живеат според божјите закони и заповеди. Ова пророштво е единствено кое не се остварило.

Денес се слави и споменот на свети маченик Гордиј. При крајот на гонењата на христијаните, во 314 година, некои христијани од Кападокиска Кесарија се скриле во пустината. Меѓу нив бил и Гордиј. До нив постојано доаѓале гласови за маките на христијаните во Кесарија, па еден ден Гордиј излегол од пустината и се вратил во градот, каде јавно исповедал дека е христијанин. Заради тоа бил погубен. Него¬вото мачеништво се случило во 314 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1