Денеска се празнува светецот кој им помагаше на сиромашните и вдовиците


Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон.
Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.

За време на својот живот тој направил многу чудесни молитви, а кога умрел неговото тело било пренесено во манастир, на местото каде што бил закопан се верувало дека оние кои му го допреле гробот биле веднаш излекувани.

Затоа денес се верува дека треба да им дадете милостина на оние кои им е потребна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1