Денеска се слави најголемиот христијански пророк, никако не смеете да го правите ова


Свети пророк Еремија е христијански светец и еден од најголемите пророци роден шест векови пред Исус. Иако многумина не знаат за него, во некои краеви постојат обичаи и народни верување за кои и ден денеска се води сметка.

Се верува дека Еремија е заштитник од змии отровници. Затоа е обичај на денешниот ден да се растераат сите влекачи за да не досадуваат преку летото. Со оглед на тоа што во овој период има наезда од змии, добро е да се направи ова.

Некој од куќата треба да стане проано, да земе тава и да удира во неа и да говори повеќе пати: „Еремија во поле оди, а сите змии во море! Само една останала, за злото нејзино останала, двете очи ги избодела, на глогов трн. На четири шипови, злата коб ја изела“.

Додека се слуша тропањето и песната, дотогаш змиите нема да се приближат.

На овој ден не се отвораат бричеви и не се работи ништо со игла и конец. Кој ќе отвори бритва, се верува дека по него цела година ќе трчаат змии. Во некои краеви се верува дека на овој ден не треба да се чешла за да не се предизвикуваат опасните влекачи.

Исто така треба да се внимава зад никој да не се влече одврзана врвка или некое конче зошто на ист начин ќе се влечат и змии.

Според преданието, Свети пророк Еремија веќе во 15-тата година почнал да прорекува и заради тоа бил во немилост на власта, дури прогонуван и затворан. Поради своите пророштва, го навлекол гневот на големите, но и почитување од оние кои верувале во него.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1