Денеска се слави Св. Георгиј – Ѓурѓиц-Oд него зависи каква ќе е зимата, а ова не смеете да го правите


Денеска е Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска.

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.sv-gjorgji-gurgic

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.

Според народните верувања од денес до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.

Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.

За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пери. Коријачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1