Денеска со температури до 34 степени – понеделник до 36


Убав сончев и топол викенд, е временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска температурите во јужниот дел од земјата ќе достигнат до 34 Целзиусови степени. Кратки и слаби врнежи од дожд ќе бидат можни само во Малешевијата.toplo termometar zesko sonce

Во Скопје дневните температури ќе достигнат до 32 степени, Тетово 31, Маврово 22, Куманово 32, Крива Паланка 20, Струмица 33, Гевгелија 34, Дојран 33, Демир Капија 34, Виница 31, Штип 32, Берово 26, Кавадарци 32, Битола 31, Прилеп 30, Крушево 24, Дебар 30, Охрид 27…

Влијанието на топлиот воздушен бран ќе продолжи и во наредните денови – во недела максималните дневни температури ќе достигнат до 35 степени, в понеделник до 36, вторник 37… без најава за врнежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1