Денот кога Турција го прогласи Ердоган за апсолутен владетел


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган честиташе на својата партија, АКП, на победата на референдумот, јавува агенцијата Анадолија, додавајќи дека веќе неколку светски лидери го контактирале Ердоган за да му честитаат.erdogan

Според резултатите од денешниот референдум, на 98 отсто преброени гласови, 51,32 отсто од излезените гласачи ги поддржале уставните промени за проширување на овластувањата на претседателот, додека 48,68 отсто биле против.

Опозициските партии во Турција најавија дека ќе поднесат жалби за неправилности на денешниот референдум.

Резултатите од референдумот ќе се одразат на напнатите односи помеѓу Турција и Европската унија. Турција е главната блокада за запирање на мигрантскиот бран кон Европа, а Ердоган најави дека ќе го преиспита тој договор по референдумот.

Измените на уставот, вкупно 18, ќе му овозможат на Ердоган да именува и менува министри, да се кандидира уште два пати за претседател и повторно да го преземе водството над својата партија АКП.

Ердоган тврди дека со овие измени сака да ја осигура стабилноста и економскиот раст, додека критичарите сметаат дека сака апсолутна власт.

Поединчени елементи од поделбата на власта би останале и во променетиот Устав. Парламентот би имал ингеренции да поништи некои одлуки на претседателот, да води политички истраги, а со двотретинско мнозинство може дури и да го смени претседателот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1