Десетгодишно девојче родило девојче, вујкото ја силувал шестпати


На девојче од Индија, на возраст од само 10 години, лекарите му забраниле абортус, бидејќи е премладо. Ја силувал нејзиниот вујко, а во фазата на бременоста во која се појавила во болницата, лекарите заклучиле дека абортусот не е опција.

Родила здраво девојче тешко 2,5 килограми во градската болница во Чандигаргх, пренесува Би-Би-Си.

Родителите на девојчето откриле дека е бремено кога почнало да се жали на болки во стомакот. Подоцна им признало дека вујкото ја силувал дури шестпати. Семејството од судот барало дозвола за прекин на бременоста, но по прегледот на фетусот е утврдено дека нема законска основа за абортус.

Некои лекари во Индија кренале глас против овој случај, наведувајќи ги специфичните околности на случајот и младоста на девојчето како фактори што треба да ја прекинат бременоста. Сепак, сите молби и жалби се одбиени и десетогодишното девојче донело на свет девојче.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1