Детали од истрагата во Париз: Најден сириски пасош, се трага по црн „сеат’


Француската полиција објави потерница по црно возило марка „сеат. Со странски регистерски таблички, за кое се верува дека е поврзано со вчерашните терористички напади во Париз.

Би -би -си пренесува дека возилото имало таблички GUT 18053 и метални раткапни, додека француските медиуми објавија дека кај еден од напаѓачите кај фудбалскиот стадион е пронајден сириски пасош. Ова се воедно и првите и официјално потврдени информации за напаѓачите во Париз.Special forces after the seige in Toulouse came to an end

Според француските аналитичари, терористичките напади се „домашна операција“, односно дека се работи за терористи кои живееле во Франција.

Уште еден пасош е пронајден врз телото на бомбашот-самоубиец кој синоќа изврши еден од нападите во Париз, а му припаѓа на египетски државјанин.

Француската полиција го откри идентитетот на еден од терористите кој стои зад нападот во концертната сала Батаклан во Париз, Тој е идентификуван со помош на отисоци од прстите и е француски државјанин.

Властите не го соопштија името на напаѓачот.

Засега единствено е познато дека во вчерашите напади осуммина се убиени или се самоубиле со активирање на експлозив, но не е познато дали имале соучесници.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1