Детали за апсењето на лекарот од Гинекологија: Барале 20.000 денари за да ја породат жена му


Две лица вработени во скопска Гинекологија се приведени по сомнение за примање поткуп од 20.000 денари. Според информациите  револтиран граѓанин пријавил дека осомничените барале мито од 20.000 денари за да ја породат неговата сопруга со царски рез.

apsenje

Случајот бил пријавен во Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, по што, нивни екипи веднаш излегле на терен и ги привеле осомничените.

Информацијта ја потврди и Министерството за здравство и полицијата.

Според првичните сознанија на сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството за здравство од каде на клиниката испратиле претставници од кабинетот на министерот и од државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија од министерството.Откако на лице место разговарале со сопругот повикале полиција.
Од Министерството за здравство велат дека толеранцијата кон корупција во здравството мора да е нула.- Никогаш нема да се согласиме било кој доктор, кој и да е, да уценува пациент да добие здравствена услуга за пари. Нема пониско нешто од уцена за добивање здравствена услуга, и токму затоа вака реагираме и ќе продолжиме и во иднина да реагираме на овој начин.Од МВР велат дека двајцата осомничени ги привеле на разговор. Ќе ги сослушаат и оштетените но и евентуалните сведоци од гинекологија.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1