Детали за сообраќајката: Тројца повредени откако автомобил се превртел на патот кон Маврово


Три лица се полесно повредени откако автомобил, утрово повеќе пати се превртел на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови во близина на месноста Бунец. Сообраќајот на местото на незгодата се одвива наизменично, до завршување на увидот.

Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот во западниот дел од земјата.

Од СВР Тетово информираат дека околу 11 часот, автомобил „опел-корса“ со скопски регистерски ознаки, управуван од Ѓ. Н. (27) додека се движел кон Маврови Анови, изгубил контрола и се превртел неколку пати и застанал на покрив.

Возачот и двајцата сопатници, биле пренесени во амбулантата во Маврови Анови каде било констатирано дека се полесно повредени. Возилото по незгодата е оштетено во поголема мера. Во тек е увид, по што треба да се утврдат причините кои довеле до несреќата. Во меѓувреме на местото, полициски службеници го регулираат сообраќајот се до завршување на увидот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1