Детали за трагедијата во Ѓорче: Пожарот настанал од новогодишни сијалички


Во Единицата за информации и команда Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје вчера околу 17 часот било пријавено дека при гасење на пожар во стан на улица „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело на Ј.А. (62).

Со пожарот, кој наверојатно настанал од украсни сијалички на новогодишна елка, била опожарена дневната соба. Пожарот бил изгаснат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1